Сочувство од Претседателот Иванов по повод терористичкиот напад во Лондон
Недела, 04 Јуни 2017   

PRMsocustvoПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод терористичкиот напад во Лондон упати сочувство до Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.В. Елизабета Втора.

Ваше Величество,

Со шок и огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Лондон, во кој животот го загубија голем број на невини лица и каде има голем број на повредени.

Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани.

Сакам да Ве уверам дека Република Македонија најостро ги осудува секакви терористички напади, кои шират страв и од кои никој и никаде не е безбеден,и силно ја поддржува Обединетото Кралство во решителната борба против тероризмот, како предуслов на патот кон мирот, стабилноста и напредокот.

Ваше Величество, нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на жртвите.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад