Проштална средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Рамон Абароа Каранс
Петок, 18 Август 2017   

prostalna_SpanijaПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Рамон Абароа Каранс.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија. Двајцата соговорници се согласија дека постојат можности за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, и продлабочување на соработката во сферата на економијата, образованието, науката и сите сфери од заеднички интерес.

Претседателот Иванов се заблагодари за досегашната поддршка од Кралството Шпанија на планот на македонските европски и евроатланските интеграции, и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во наредниот период.

На средбата претседателот Иванов изрази длабоко сочувство за бруталниот терористички акт во Барселона во кој животот го загубија недолжни шпански и странски државјани, истакнувајќи дека Република Македонија најостро ги осудува ваквите подли акти на насилство врз невини луѓе и изразува сочувство и солидарност со земјите кои се погодени од ваквиот грозоморени кукавички чин на тероризам.

Амбасадорот Каранс изрази задоволство од извршувањето на дипломатската должност во Република Македонија и го изрази уверувањето дека неговата земја ќе продолжи со напорите за унапредување на односите со Република Македонија.

Претседателот Иванов се заблагодари за севкупниот ангажман на амбасадорот Каранс и му посака успех во идните ангажмани.

  Back<<Назад