header

header_peperut_-_Copy3

Учество на г-ѓа Maja Иванова на хуманитарната манифестација „Напред розово 2016"
Сабота, 01 Октомври 2016   

b01102016Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваше и се обрати на хуманитарната манифестација „Напред розово 2016", што се одржа по осми пат во организација на здружението „Борка" и е посветена на борбата против ракот на дојката.

Како дел од кампањата за подигање на свеста за борба против ракот на дојката, а во рамки на манифестацијата, се одржа и традиционалната розова прошетка.

Во своето обраќање г-ѓа Иванова изрази благодарност за сите проекти, кампањи и акции на државните институции, здравствените установи и медицинските работници до општествено одговорните бизниси и до граѓанскиот сектор, до сите медиумски работници кои ја третираат оваа област, како и до сите поединците, кои, помагаат да се подигне јавната свест за ракот на дојката.

b01102016_2Г-ѓа Иванова укажа на важноста од превентино делување.

„Драги мои сограѓанки, правете редовни самопрегледи. Драги пријателки, внимателно слушајте ги и применувајте ги препораките на лекарите за превенција. Драги дами, ако досега не сте направиле, најдобронамерно препорачувам да направите мамографски прегледи. Дијагностицирањето на ракот на дојка во рана фаза значи поефикасно лекување и поголема веројатност за излекување! Не преговарајте сами со себе, не се убедувајте, туку постапувајте и слушнете го гласот на „борките". Тие сведочат, тие ја споделуваат нивната приказна со сите предизвици и искушенија низ кои поминале. Не смееме да дозволиме да бидеме имуни на нивните зборови. Не смееме да ги занемариме нивните препораки", рече г-ѓа Иванова.

На манифестацијата учествуваше и заменик-амбасадорот на САД во Македонија, г-ѓа Микаела Швајцер Блум.

Сопругата на Претседателот на Република Македонија ја поддржува оваа манифестација од самите почетоци, како и сите останати активности на здружението „Борка" со цел борба против ракот на дојка.

b01102016_3

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal