ОТВОРЕН КАБИНЕТ

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и вилата Водно се отворени за сите граѓани.

Секој што има желба, ќе има можност да ги види одблизу кабинетот, работните простории на Вилата, на сите вработени во Кабинетот на претседателот, салата каде што се организираат настани и прес-конференции и слично.

Посетителите исто така ќе имаат можност да дознаат факти за објектот, како и да учествуваат на настани од јавен карактер коишто се организираат во Вилата.

Отворениот кабинет ќе биде редовна пракса. Влезот во Вила Водно ќе биде слободен за сите најмалку 2 дена во месецот.

За посета на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и на Вила Водно секој граѓанин може да се пријави на формуларот.

* Почитувани, лицата кои се пријавуваат за учество во проектот Отворен Кабинет, подлежат на редовни безбедносни проверки, врз основа на кои ќе бидат разгледувани нивните барања. Редовните безбедносни проверки се стандардна практика за сите посетители во Вила Водно, со цел да се овозможи безбеден и комфорен престој на сите посетители и непречено одвивање на активностите.

Пријавa

3 + 9 =

Посета на ученици и студенти од Универзитетот Американ Колеџ во рамки на активноста Отворен Кабинет

Средношколци и студенти од Универзитетот Американ Колеџ, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно. ...

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Делчево. Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, директно...

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Ученици од ООУ„Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет. За време на посетата на...

Посета на граѓани во рамки на проектот Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија група од над 50 граѓани, во рамки на активноста Отворен Кабинет. Граѓаните имаа можност да се...

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија ученици од ООУ „Киро Глигоров“, по повод почнувањето на активноста Отворени денови во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, како дел од проектот Лице во...