Биографија

Сопруга на претседателот

Елизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија.

Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции. Држела предавања и работилници на научни конференции во Северна Македонија и во странство. Автор е на 2 и ко-автор на 3 монографии. Во периодот, 2010-2014 година беше претседател на Македонското здружение по детска и превентивна стоматологија. Таа е членка на MDA, FDI, IAPD, UKSB и визитинг професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.

Со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен. 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
Република Северна Македонија

Улица „Ацо Караманов“ 33А, 
Скопје, Република Северна Македонија

Социјални медиуми