Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

29 март 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на Претседателот МладиХаб имаа можност да се запознаат со проектот за градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите којшто се реализира од Националниот младински совет на Северна Македонија по што ја проследија и изложбата на дела на жени претприемачки организирана во соработка со Центарот за управување со промени.

Г-а Ѓоргиевска и г-а Шмидауер ја посетија Старата скопска чаршија при што за време на прошетката имаа можност да поразговараат со дел од занаетчиите. Во Националната галерија Чифте амам, г-a Ѓоргиевска и г-а Шмидауер беа пречекани од директорката на Националната галерија, Дита Старова Керими којашто ги водеше низ просториите на галеријата претставувајќи им го нејзиното значење и историјат, а имаа можност да ја разгледаат и изложбата „Пејсажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска со којашто ја претставија нашата земја на биеналето за ликовна уметност во Венеција. Во Чифте амам се одржа панел дискусија на тема „Жените инспирираат“ на којашто воведно обраќање имаа г-a Ѓоргиевска и г-а Шмидауер. На панелот учествуваа успешни жени од земјава, претставнички од областа на политиката, економијата, бизнис и граѓанскиот сектор, културата и други области на којшто се презентираа нивните досегашни постигнувања.

При посетата на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, директорот на Центарот, Горан Садикарио ги запозна со постојаната поставка во Музејот во која се прикажува историјата на Евреите во нашата и во други држави низ различни временски периоди од минатото, нивниот егзодус за време на Втората светска војна и повторното воспоставување на еврејската заедница во земјава.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...