Активности на сопругата на претседателот во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати

15 март 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска која го придружува претседателот Пендаровски во официјалната посета на Обединети Арапски Емирати, денеска во Абу Даби оствари средби со генералната директорка на Генералната унија на жени Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди и Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство.

Г-а Ѓоргиевска присуствуваше и на форумот „Иновации, технолошки промени и образование во дигиталната ера за да се постигне родова еднаквост и да се зајакнат сите жени и девојки“, имаше можност да се запознае со неколку занаети кои се негуваат во ОАЕ, како и да посети изложби поставени во Одделот за наследство и занаетчиство при Генералната унија на жени на ОАЕ.

На средбата со Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство, беа разгледани можностите за остварување на соработка меѓу двете земји во областите од заемен интерес преку различни облици на активности и иницијативи. Имајќи предвид дека 15 март се одбележува како национален ден на децата во ОАЕ, г-а Ѓоргиевска беше информирана и за напорите кои се вложуваат во ОАЕ за обезбедување соодветна здравствена заштита на децата, предучилишното образование, образовните процеси, како и промовирање на свесноста за човековите права.

Г-а Ѓоргиевска на средбата со генералната директорка на Генералната унија на жени, Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди  се запозна со визијата, мисијата и областите на делување на оваа фондација во чијшто фокус е зајакнување и претприемништво на жените во ОАЕ преку усвојување на политики, поставување планови и програми, покренување иницијативи и обезбедување на потребна поддршка за активно учество на жените во одржливиот развој.

Сопругата на претседателот присуствуваше и на форумот „Иновации, технолошки промени и образование во дигиталната ера за да се постигне родова еднаквост и да се зајакнат сите жени и девојки“ во организација на Генералниот директорат и ОН Жени.

Во рамки на посетата г-а Ѓоргиевска имаше можност да ги разгледа признанијата од меѓународни, арапски и локални организации од 1973 година досега, како и да дознае повеќе за работата и континуираните напори на Н.В. Шеика Фатима бин Мубарак за напредокот на жените и хуманитарните активности.

Исто така, г-а Ѓоргиевска имаше можност да се запознае со занаети кои се негуваат во ОАЕ и различни видови на рачни изработки  при посетата на работилниците од областа на културното наследство и изложбата на националните занаетчиски производи во рамки на Одделот за наследство и занаетчиство при Генералната унија на жени.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...