Билатерални средби по повод инаугурацијата на претседателот Пендаровски

12 мај 2019 | Соопштенија

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно” денеска се одржа официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета. 

На средбата со претседателот на Република Бугарија Румен Радев, претседателот Пендаровски изрази цврста определба за натамошно зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на политичкиот дијалог со Република Бугарија. Двајцата претседатели истакнаа дека заеднички ќе се заложуваат во афирмирањето на мирот и стабилноста во регионот со цел негова забрзана интеграција во евроатлантските структури. На тој план, претседателот Пендаровски изрази очекување дека поддршката од Република Бугарија ќе продолжи и во иднина.

На средбата со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија ќе продолжи да ја гради меѓусебната доверба со Република Албанија и дека македонското членство во НАТО ќе биде од суштинско значење за безбедноста, мирот и просперитетот на целиот регион.

Претходно, во Собранието на Република Северна Македонија, а по повод инаугурирањето на функцијата Претседател, претседателот Пендаровски оствари средба и со претседателот наРепублика Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели изразија уверување дека билатералните односи меѓу двете земји и натаму ќе се зајакнуваат и дека заеднички ќе придонесат во интензивирање на севкупната соработка на сите полиња од заеднички интерес.

Тројцата претседатели на претседателот Стево Пендаровски му упатија срдечни честитки за изборот и му посакаа успешно извршување на функцијата Претседател.

Претходно,  во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Катругалос. На средбата, шефот на грчката дипломатија му упати честитки на новоизбраниот Претседател и му посака успех во вршењето на должноста. Двајцата соговорници изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните односи и политичката клима меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски денеска во Кабинетот на Претседателот оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

На средбите со странските државници, новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се заблагодари за упатените честитки и укажаната чест и изрази надеж дека Република Северна Македонија во периодот што следи ќе прерасне во вистинска модерна европска демократија и рамноправен партнер на земјите членки на НАТО и ЕУ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...