Select Page

Брифинг за активностите на армиските единици ангажирани во услови на вонредна состојба

24 март 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска одржа состанок со Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Генералот Ѓурчиновски го брифираше претседателот за ангажманот на припадниците на Армијата на целата територија на државата во справувањето со последиците од епидемијата на ковид-19, во услови на прогласена вонредна состојба.

Претседателот беше информиран и за проширените активности на Армијата во соработка со полициските сили, како и за поддршката што Армијата ја дава на цивилните структури, здравствените работници, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалната самоуправа.

Составен дел на денешниот брифинг беше и ангажманот на Армијата на јужната и северната граница на земјата, каде армиските единици заедно со полициските сили се ангажирани за справување со потенцијално зголемен наплив на мигранти и бегалци како дел од „Балканската рута.“

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Денеска во Вила Водно, во попладневните часови се одржа средба помеѓу претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата, претседателот Пендаровски даде изјава за медиумите. [gallery...

19 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

19 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска се навршуваат 19 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001 и се поставија темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници. Договорот беше...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Денеска во Вила Водно, во попладневните часови се одржа средба помеѓу претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата, претседателот Пендаровски даде изјава за медиумите. [gallery...

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на Влада

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски, врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев. „Врз основа на член 84, став 1,...

Pin It on Pinterest