Втор модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

26 јуни 2021 | Соопштенија

Викендов се одржува вториот модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование со поддршка од партнерската фондација „Фридрих Еберт“ – Скопје.

Учесниците на Школата за политики во рамки на вториот модул имаат можност да ги унапредат своите знаења на социо-економски теми поврзани со дигитализација и иновации во бизнисот, јавниот сектор и образованието, современи социјалдемократски и конзервативни социоекономски политики, вклученост и застапеност на лицата со попреченост во јавниот и политичкиот живот, родова еднаквост од економска и политичка перспектива и слично.

 

На вториот модул на Школата за политики се обрати проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, а воедно и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања, при што порача дека на вториот модул на Школата за политики ќе се даде критички осврт на економските модели и политики и ќе се овозможи дебата за клучни прашања од различни општествени сфери со особен нагласок на зелената економија, иновациите и процесот на дигитализација во економијата, но и промоцијата на правата на маргинализираните групи и нивната инклузија во општествените процеси.

 

Вториот модул се реализира со учество на еминентни предавачи и обучувачи од земјата и од странство, меѓу кои се и универзитетските професори д-р Ванчо Узунов и д-р Трајко Славески, членот на националната политичка платформа “Možemo” од Загреб, Теодор Целакоски, поранешната амбасадорка на Република Северна Македонија во Кралството Шведска, проф. д-р Александра Наќева-Ружин, главниот извршен директор на фондацијата „МК2025“ и член на Програмскиот совет на Претседателскиот центар, Никица Мојсоска-Блажевски и др.

 

Школата за политики е централна активност на Претседателскиот центар за политичко образование којшто е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Во Школата за политики учествуваат 43 млади професионалци на возраст од 25-35 години, со различно професионално искуство, кои веќе се или имаат интерес да бидат активни учесници во општествениот и политичкиот живот во државата. Целта на Школата е да се поврзат учесници од различно потекло коишто имаат желба со стекнатите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството.

 

Претседателскиот центар за политичко образование е основан од претседателот Пендаровски во партнерство со фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот републикански институт (ИРИ), фондацијата „Конрад Аденауер“, фондацијата „МК2025“, Националниот демократски институт (НДИ) и Фондацијата за демократија на Вестминстер. Активностите на Претседателскиот центар се насочени кон промоција на културата на дијалог во духот на демократските вредности и придонесуваат за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалниот и неформалниот образовен систем.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...