Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“

13 ноември 2019 | Соопштенија

На заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ се одржа дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“.

На дебатата на која, покрај претседателот Пендаровски и министерот Мас, учествуваа претставници на државните власти, на правосудните органи и претставници на надлежни институции во оваа област, се дискутираше за тековните реформи во сферата на функционирањето на правната држава, вклучувајќи ги судските реформи, борбата против корупцијата, а во согласност со дефинираните стратешки приоритети во рамките на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање рече дека функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој и посочи дека реформите во сферата на владеењето на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме формалните критериуми за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во сопствената држава и нејзините институции.

Претседателот изрази поддршка, но и барање од институциите неселективно да се борат против корупцијата, а особено против високата корупција.

„Сметам дека корупцијата кај политичарите треба построго да се казнува бидејќи вршењето јавна функција носи посебна одговорност, а државната власт и ресурсите треба да се користат исклучиво за јавниот интерес, а не за остварувањето на партикуларни или лични интереси“, истакна Претседателот.

Претседателот Пендаровски се осврна и на случајот „Рекет“ за што подвлече дека во очите на многумина ги дискредитирал напорите за обнова на правната држава после клептократскиот систем воспоставен од поранешната влада, додека за случаите врз коишто работеше поранешното Специјално јавно обвинителство, оцени дека е позитивно што се активни и продолжуваат да се процесуираат од редовното Јавно обвинителство. Во тој контекст, Претседателот подвлече дека е важно да не се дозволи преку застарување да се случи „скриена амнестија“ на сторителите на тешки кривични дела поврзани со високата корупција.

Претседателот Пендаровски побара новиот Закон за јавно обвинителство да биде изработен според највисоките европски стандарди, образложувајќи дека е подобро темелно да се изработи, отколку да се брза и преку непринципиелни политички компромиси да се компромитира борбата со високата корупција. Тој ги поздрави носењето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси и транспарентноста на постапката со којашто се конституираше новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, изразувајќи очекување за активна и неселективна работа на Комисијата, врз основа на законите и заснована врз докази.

Претседателот Пендаровски повика интензивно да се користи експертската помош што ја нуди Германија во делот на реформите во сферата на правната држава, како преку проекти финансирани од ЕУ, така и преку билатералната соработка.

Министерот Мас посочи дека Сојузна Република Германија ќе продолжи видливо да ја поддржува Северна Македонија на патот кон Европската унија, бидејќи, нагласи, тоа е вистинскиот пат.

На дебатата, покрај претседателот Пендаровски и министерот Мас, учествуваа министерката за правда, Рената Дескоска, претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, јавниот обвинител Љубомир Јовески, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...