По повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, делегација од Кабинетот на Претседателот во состав Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, Валентин Димевски, посебен советник за безбедност и одбрана и Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот, положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, оддавајќи им почит на борците.

Ѓоргиевска: Со поврзување на жените и девојките научнички во општеството, политиката и науката, до синергија и нивна поголема застапеност
На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Меѓународниот ден на жените и девојките научнички, денеска се одржа панел дискусија во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ во рамки на Факултетот за...