Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Порака од претседателот Пендаровски по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ја упати следната порака: „Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис...