Донација на два инкубатори за Универзитетската клиника за детски болести

6 ноември 2020 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити денеска присуствуваше на настан на којшто беа донирани инкубатори за предвремено родени и болни бебиња сместени на Одделот за неонатологија, педијатрија и цистична фиброза на Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје.

Г-ѓа Ѓоргиевска истакна дека денешниот настан е свечен крај на една донаторска акција којашто е започната непосредно пред почетокот на пандемијата и се работи за набавка на високо софистицирана опрема – инкубатори, коишто ќе бидат поставени во одделението за неонатологија кадешто се грижат за најмладите бебиња.

„Верувајте дека грижата за предвремено родените за болните бебиња бебиња треба да претставува исклучително важен приоритет и во таа смисла беше и желбата да се набави оваа опрема и на таков начин да се спасат што е можно поголем број на животи. Во последните две години во Македонија се забележува позитивен тренд во смисла на намалување на смртноста кај предвремено родените бебиња и сметам дека и оваа донација ќе помогне во тој правец’, рече сопругата на претседателот.

Г-ѓа Ѓоргиевска се заблагодари на сите коишто се одзваа на оваа хуманитарна акција, пред се на хуманите граѓани и на општествено одговорните компании.

„Тие препознаа дека навистина има потреба од вакво нешто, особено во овие тешки моменти на пандемија, и сепак се решија дека треба да донираат во овој правец, бидејќи видовме дека и децата не се поштедени од Ковид-19, истакна г-ѓа Ѓоргиевска.

Генералниот секретар на Црвениот Крст, Саит Саити посочи дека со денешната донација за Детската клиника организацијата одбележува голем јубилеј, односно 75 години постоење.

„Денеска сметавме дека треба да бидеме токму тука, одбележувајќи го нашиот јубилеј преку предавање на оваа донација која сметаме дека навистина ќе биде од голема корист и ќе помогне за подобрување на условите на Детската клиника“, изјави генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Директорката на Универзитетската клиника за Детски болести, д-р Наташа Алуловска се заблагодари за организирање на кампањата, којашто покажала дека и во услови на криза има општествено одговорни чинители коишто сакаат да помогнат.

„Се лоцираше приоритетот на најранливата категорија. Тоа се предвреме родените бебиња коишто се во најголем ризик. Оваа донација значи многу и за нашите најмали пациенти, а најголеми борци, и за нивните семејства, но и за целиот персонал којшто ги лекува овие бебиња. Сакам да се заблагодарам на Црвениот крст и на д-р Бети којашто ни помогна во целата оваа кампања. Ова е од исклучително големо значење и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи“, подвлече директорката Алуловска.

Инкубаторите се обезбедени како дел од кампањата за помош на предвремено родени и болни бебиња, спроведена по повод 75 години од постоењето на Црвениот крст на Република Северна Македонија, „75 години каде е потребно“, а под покровителство на г-ѓа Ѓоргиевска. Средствата се собираа преку телефонски повици и со уплати во Фондот за солидарност на Црвениот крст.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...