Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на „Европска куќа“ во Крива Паланка

18 февруари 2021 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на „Европска куќа“ (Europe House) во Крива Паланка, проект реализиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

„Европска куќа“ е простор каде младите ќе можат да се дружат, да учат, да се информираат и да ги споделуват свои ставови и размислувања, да дискутираат, да промовираат иновации и претприемачки иницијативи, да организираат разни културни настани, а во функција на промоција на европските вредности.

На настанот се обратија и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Борјанчо Мицевски, градоначалник на општина Крива Паланка.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитуван амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија,
Почитуван градоначалник на општина Крива Паланка,
Почитувани гости,
Драги пријатели,

Среќен сум што денес имам можност да присуствувам на отворањето на нов простор, наречен Европска куќа (Europe House) во Крива Паланка. По Европската Куќа во Скопје, ова е прв ваков простор во внатрешноста на земјата во кој ќе ни биде важно да слушнеме како размислуваат младите и со кои предизвици се соочуваат во еден ваков локален и регионален контекст.

Во оваа Куќа, младите добиваат место во кое ќе можат да комуницираат, да креираат заеднички идеи, споделуваат мислења, ставови, да се информираат, да стекнуваат знаења и вештини, да предлагаат решенија и секако да се запознаваат и да ги усвојуваат европските вредности.

Младите во нашата земја се исправени пред сериозни предизвици за кои им треба континуирана поддршка од државата. Младите со право го бараат своето место во општеството, а сите ние, надлежните во овој момент, мора да им создадеме простор, услови и можности за реализација на нивните замисли, и тоа, со конкретна акција, а не само на зборови.

Приоритетните проблеми, како што се невработеноста, која оди рака под рака со младинската сиромаштија, недоволното учество во процесите на одлучување, што ги носи младите во апатичност и пасивност во однос на важните случувања во општеството, ќе можат не само да се дискутираат на ова место, туку и да се наоѓаат решенија за нив, преку проекти, искуства и фондови кои стојат на располагање од страна на Европската Унија. Наша основна задача како политичари е да работиме деноноќно за чувството на разочараност од домашните економски и политички трендови кај младите да не бидат мотив за напуштање на државата.

Во таа смисла, мораме да ја градиме довербата во институциите, како и можноста да се влијае врз нивната работа, пред се, заради подобра иднина на младите и засилување на нивната позиција во општеството. Неспорно е дека оптимизмот кај младите е тесно поврзан со европската перспектива на државата. Затоа блокадите на тој пат и пролонгирањето на интеграциите само дополнително ќе го засилат разочарувањето и ќе ја интензивира чумата на нашето време – миграција.

Почитувани,

Очекувам во оваа Европска куќа да се развива потенцијалот на младите од овој град и околината, да се стимулира нивниот граѓански активизам низ кој се стекнуваат вештини кои се однесуваат на јавните политики и учество во нивното имплементирање.

Убеден сум дека младите во Крива Паланка ќе ја препознаат оваа локација во нивниот град како шанса и активно ќе се вклучат во предвидените  програми.

Би сакал најискрено да се заблагодарам на Европската Унија што го иницира и финансира отворањето и работењето на Европските куќи. Благодарност и до локалната самоуправа во Крива Паланка која го препозна значењето на овој проект и е партнер во неговата реализација.

Се надевам дека во блиска иднина ќе следи отворање на Европски куќи и во други градови со што ќе ја доближиме европската идеја до младите низ сите делови на нашата земја.

Не би сакал да должам и само би посакал успешна работа, многу активности, разновидни настани, дружење и задоволни и исполнети млади.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...