Интервју на претседателот Пендаровски за Фајненшл тајмс

15 октомври 2020 | Интервјуа

Северна Македонија се бори со демографски предизвик 

Намалувањето на бројот на населението е најголемиот тест со кој се соочува Балканот, вели претседателот на најновата членка на НАТО.

Демографското опаѓање е најголемиот предизвик на Балканот, рече Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија. „Ако во првите децении [од распадот на Југославија] наша најголема закана беа етничките тензии, во изминатата деценија тоа е демографијата: сè повеќе луѓе заминуваат“. Северна Македонија, најновата членка на НАТО, можеби изгуби до четвртина од своето население откако стана единствената земја што мирно се одвои од Југославија во 1991 година, според некои статистичари. Никој не знае со сигурност затоа што земјата нема спроведено попис од 2002 година, една година откако за малку избегна граѓанска војна, кога етничките албански бунтовници бараа поголеми права од мнозинското македонско население. Во 2002 година, на пописот беа регистрирани скоро 2,1 милиони луѓе во земјата. Анализата на евиденцијата на родени и починати лица, како и даночните и другите бази на податоци, доведе повеќето експерти да заклучат дека реалното население е близу 1,6 милиони. „Тенденциите се сосема јасни и никој не предвидува дека опаѓањето ќе запре или ќе забави“, изјави г. Пендаровски за „Фајненшл тајмс“ на маргините на безбедносната конференција „Глобсек“ во Братислава. Пописот планиран за оваа година беше одложен поради изборите кои требаше да се одржат минатиот октомври кога францускиот претседател Емануел Макрон ги блокираше Северна Македонија и Албанија да ги отворат разговорите за пристапување во ЕУ. Владејачките социјалдемократи предложија пописот да се одржи во април следната година, но тоа ќе биде спорно заради неговите импликации врз чувствителниот договор за поделба на етничката власт на кој се темели управувањето во Северна Македонија. Пописот беше одложен во минатото поради неподготвеност да се потврди прецизната поделба на населението на Македонци, Албанци и други малцинства.

Националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која својата поддршка ја црпи пред се од етничките Македонци, ја обвини владата за „користење на пописот за создавање етнички тензии“ и дека „работат на негово фалсификување“. Социјалдемократите, под водство на премиерот Зоран Заев, се обидоа да ги привлечат етничките албански гласачи со слоганот „едно општество за сите“. Како и на други места во Европа, стареењето на популацијата претставува товар за јавните финансии. Северна Македонија има приближно 350.000 пензионери, а државните субвенции за пензискиот фонд беа еквивалентни со 4,5 проценти од бруто домашниот производ на земјата во 2018 година. Иако дознаките од 1,7 милијарди евра во 2019 година го покрија трговскиот дефицит на земјата од 1,6 милијарди евра таа година, Бранимир Стојановиќ, економист во Виенскиот институт за економски студии и поранешен советник на министерот за финансии, рече дека демографскиот пад и емиграцијата „го намалуваат човечкиот капитал и долгорочниот потенцијал за економски раст“. ЕУ конечно го одобри почетокот на пристапните разговори со Северна Македонија кон крајот на март. Но, пристапувањето во блокот од 27 земји веројатно нема да биде лек за проблемот со депопулацијата: и Хрватска и соседна Бугарија доживеаја масовна емиграција откако станаа членки.

Шефот на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, изјави за ФТ дека 200.000 Бугари се вратиле во земјата во март, кога пандемијата со корона вирусот ја зафати цела Европа. Таа рече дека „луѓето се вратија затоа што се чувствуваат побезбедно дома во Бугарија“. Г-ѓа Захариева рече дека нејзината влада работи со големи компании со кои се обидуваат заеднички да најдат работа што ќе ги задржи овие луѓе во Бугарија по завршувањето на пандемијата. Според јануарското истражување на бугарското Министерство за труд и социјална политика, 60% од младите возрасни кои студираат или работат во странство, би сакале да се вратат во Бугарија ако можат да најдат соодветно вработување. Со надеж дека ќе профитира од привременото враќање на граѓаните за време на пандемијата, владата започна кампања „Бугарија те сака“. Во меѓувреме, за Северна Македонија, првиот чекор е да се открие колку луѓе навистина живеат во земјата по речиси една генерација претпоставки. Претстојниот попис исто така ќе даде важни податоци во голем број други области, вклучително и стапките на вработеност и фертилитет. „Апсолутно е од клучно значење за земјата да го спроведе пописот следната година затоа што не се можни здрави политики во кој било домен без точни статистички податоци“, рече г. Пендаровски. „Во моментов, сите витални статистички податоци се засноваат на проценки, а тоа не е нешто што една сериозна администрација треба да го прави“.

Извор: www.ft.com/content/5dafc7e1-d233-48c4-bd6b-90a2ed45a6e7?shareType=nongift

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба којашто за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организираше потпретседателот на Европската Комисија и висок...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност, на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори. На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на учесниците на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за Социјална работа и социјална политика, што се одржува од...