Интервју на претседателот Пендаровски за германски „Билд“

20 февруари 2022 | Интервјуа

Претседателот Стево Пендаровски гостуваше во програмата на германски „Билд“ во врска со јавната поддршка која ја даде на Ембла Адеми, девојчето со Даунов синдром која беше жртва на дискриминација поради нејзината попреченост.

Во продолжение транскрипт од материјалот:

Трогателен гест против мобинг: Претседател лично придружува девојче до училиште

По мобинг заради Даунов синдром

ПРЕТСЕДАТЕЛ ЛИЧНО ПРИДРУЖУВА ДЕВОЈЧЕ ДО УЧИЛИШТЕ

Трогателен гест на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Заради мобинг во училиште врз дете со Даунов синдром, тој лично го придружува девојчето до училиште. И на тој начин ја подигнува свеста за борба против мобингот и свеста за инклузијата.

11-годишното девојче Ембла има Даунов синдром, заради што на училиште е шиканирана и задевана, и тоа не само од учениците. Дел од родителите бараат да биде исклучена од наставата.

Откако претседателот Пендаровски дознава за случајот, прави гест со цел да ги поддржи девојчето и нејзиното семејство. Имено, тој го посетува девојчето во нејзиниот роден град Гостивар кој се наоѓа на северозападниот дел од земјата и лично тој ја придружува до училиште.

Откако пристигна во училиштето, тој нагласи дека сите луѓе во Северна Македонија се еднакви. 

„Ние мора да ја подигнеме нашата свест дека лицата со попреченост се дел од нас и не смееме да ги отфрлиме.“ 

Во меѓувреме, Ембла веќе може да се врати во нејзиното одделение и да следи настава заедно со другите ученици. А со цел ова да биде обезбедено и во иднина, на девојчето ù е доделен личен асистент.

Водителка: „Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, кој го стори ова бидејќи сака да биде пример за оние луѓе кои ја отфрлија Ембла. А тој е сега ексклузивно кај нас и ќе разговараме за овој прекрасен гест. Милно ни е што се со нас“.

Водител: „Добар ден!“

Водителка: „Самиот Вие сте татко. Не сакам да Ве прашам само како политичар туку и како татко, како човек. Што Ви лежеше на срце откако слушнавте за Ембла?“

Претседателот Стево Пендаровски: „Добро утро! Искрено да Ви кажам, бев навистина запрепастен кога слушнав за овој случај. Прочитав за веста во локалните медиуми. И како што напоменав, бев навистина запрепастен. Сега говорам како татко, како човек, а пред сé, како најобичен човек. Знаете, не е моја уставна обврска тоа да го сторам, но тоа дефинитивно беше моја морална обврска како човек. Токму таа беше движечката сила за моето постапување“.

Водителка: „Што мислите, што можевте да постигнете со тоа? Вие секако покажавте дека можете да бидете пример. Но, што постигнавте особено кај родителите кои потпишаа петиција дека ова девојче не смее да оди во училиште. Дали забележавте дека го смениле своето размислување? Дали разговаравте со нив?“

Претседателот Стево Пендаровски: „Разговарав со многумина, видов многу реакции од целиот свет, а всушност тоа беше и најсилната порака. И токму таа порака можеме да ја испратиме до луѓето во светот, а не само во Северна Македонија. Овој вид на проблеми можеби можат да се решат на индивидуална основа, но генерално гледано, такви проблеми гледаме насекаде – не само во мојата земја, туку и во Вашата земја и насекаде во светот. И тука не можат проблемите да се решат со една акција. Навистина мора да се најде решение со тоа што сите ние заедно ќе бидеме активни – државните институции и соодветниот кадар, затоа што навистина има многу големи проблеми во оваа област, има уште толку многу стигми кои ги пратат овие луѓе“.

Водителка: „Вие и долго време разговаравте со Ембла. Што вели таа, што доживеала? Како се чувствува таа? Како таа сето ова го доживеа и што мисли таа за сето ова?“

Претседателот Стево Пендаровски: „Тоа за неа е многу тешка ситуација. Ова младо девојче има малку тешкотии при говорење и за неа е тешко да разбере што ù се вели. Така што, тој вид на емоции можете на пример преку гестикулации да ù ги појасните. А најважното за мене и за сите во нејзиното опкружување беше тоа што таа навистина повторно имаше насмевка на лицето.“

Водител: „Таа има повторно насмевка на лицето, Ембла. Тоа Ви успеа. Можам да претпоставам дека во оној момент кога претседателот доаѓа во придружба, тогаш сé е во ред на училиште, но по некое време претседателот си оди. Дали потоа мобингот повторно ќе се случи? Доколку да, дали родителите смеат повторно да Ви се обратат Вам?“

Претседателот Стево Пендаровски: „Досега не стигнале такви информации до мене или до лицата кои работат во мојот кабинет. Но, верувам дека проблемот засега е решен. Доколку не, секако дека повторно ќе отидам во градот Гостивар и повторно ќе разговарам со сите лица кои се во нејзиното опкружување – почнувајќи од училиштето, па сè до нејзините соседи. Вакво нешто не смее уште еднаш да се повтори, и тоа не само спрема неа, туку и спрема сите луѓе во нашата земја.“

Водителка: „Вели Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, кој ја придружуваше малата Ембла до училиште, откако таа беше под мобинг и беше отфрлена, па следствено на тоа, таа не можеше повеќе да посетува настава. Срдечно Ви благодарам што разговаравте на оваа тема со нас!“

Претседателот Стево Пендаровски: „Ви благодарам и Вам!“

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...