Интервју на претседателот Пендаровски за австрискиот весник Die Presse

15 октомври 2019 | Интервјуа

Апел до ЕУ: Дајте ù шанса на Северна Македонија

Ди Пресе: Франција неодамна  негативно се произнесе за проширувањето, дали сè уште се надевате дека ќе добиете сигнал од ЕУ за отворање на претпристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија?

Стево Пендаровски: Не се надеваме на сигнал, туку очекуваме одлука. Во изминатите година и пол испорачавме сè што требаше. Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекуваме ни повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени.

Ди Пресе: Еден аргумент – на пример од Париз – за блокадата на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија беше дека двете земји треба да направат повеќе во борбата против корупцијата и криминалот.

Стево Пендаровски: Ние го основавме Специјалното јавно обвинителство, кое покрена обвиненија против поранешниот премиер Никола Груевски, кој во меѓувреме побегна во Унгарија, како и против други важни личности. Ние ја ставивме борбата против корупцијата како наш приоритет. Еден од клучните аргументи на Франција беше дека тие сакаат продлабочување на Унијата пред проширување. Но, двата процеси може да течат паралелно. Ние нема веднаш да станеме полноправна членка на ЕУ.

Ди Пресе: Дали сте разочарани?

Стево Пендаровски: Особено бевме разочарани оваа година во јуни. Минатата година, земјите-членки на ЕУ рекоа: Не сега, уште треба да работиме на внатрешните реформи, но идниот јуни ќе донесеме одлука и ќе започнеме преговори со Северна Македонија и со Албанија. А овој јуни тие рекоа: „Извинете, сè уште не сме подготвени.“

Ди Пресе: Како народот гледа на ова?

Стево Пендаровски: Моите главни теми во кампањата за претседателските избори беа зачленување во ЕУ и во НАТО како главни стратешки цели. Ние очекуваме да станеме членка на НАТО во идните месеци. Но, доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет. Ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително. Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување?

Ди Пресе: Министерот за надворешни работи на Австрија Шаленберг неодамна повтори дека претпристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија треба да започнат во пакет. Кој е Вашиот став?

Стево Пендаровски: Во принцип ние сме согласни. Еден од принципите на ЕУ зависи од напредокот – ако државата испорача тоа што треба тогаш вие сте внатре. Во исто време, голем дел од нашиот регион е поврзан – почнувајќи од безбедносни па сè до политички и економски прашања. Северна Македонија граничи со Србија и со Косово – две земји чиј конфликт продолжува да има влијание на целиот регион. Се разбира, што се однесува на регионалниот аспект, јас би сакал Албанија исто така да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Регионот не може да просперира доколку сите земји немаат цел пред себе. Сите треба да се дел од процесот на евроинтеграции. Босна и Херцеговина исто така, која, за жал, долго време беше запоставена од Брисел.

Ди Пресе: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за 3,6 милиони бегалци доколку ЕУ ги критикува неговите воени дејствија во северна Сирија. Дали Северна Македонија е подгоtвена за таkво сценарио?

Стево Пендаровски: Не би сакал да коментирам индивидуални изјави на политичари во врска со настаните во Сирија. Во секој случај, мојот впечаток е дека договорот за бегалци меѓу ЕУ и Турција сè уште функционира. Мотивите на двете страни да се склучи овој договор сè уште се исти.

Ди Пресе: Неодамна уште бегалци пристигнаа во Грција. Дали ова веќе се забележува во Македонија? Дали пристигнуваат повеќе луѓе?

Стево Пендаровски: Се разбира дека секогаш има можност бегалци да сакаат од Грција да тргнат по рутата преку Македонија со цел да стигнат во северните земји-членки на ЕУ. Досега, не сме забележале значително зголемување на бројот на луѓе. Во секој случај, ситуацијата не може ни да се спореди со онаа во 2015 и 2016 година кога еден милион луѓе поминаа низ нашата територија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...