Претседателот Пендаровски: Крајна цел е дипломираните студенти да ги задржиме тука – Почнува програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

25 јануари 2021 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски преку видео – врска се обрати пред учесниците на програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“, која официјално почнува денеска, а се одржува под негово покровителство.

Претседателот Пендаровски порача дека се работи за млади луѓе кои ја заслужуваат и ќе ја оправдаат довербата, а на државата останува обврската да им овозможат услови на овие млади луѓе кои сакаат да останат во државата, да ја добијат првата шанса тука.

Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ се реализира преку соработка меѓу Кабинетот на Претседателот и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Во неа учествуваат дваесет млади луѓе и осум компании кои ги ставија на располагање своите капацитети за младите лица да имаат можност да стекнат нови, практични знаења. Во наредните два месеца програмата предвидува обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, вебинари, подготовка на студија на случај и посета на различни сектори во рамки на компаниите.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски.

Добар ден на сите,

Најпрво, дозволете да ги поздравам сите дваесет учесници, кои навистина во многу силна конкуренција на талентирани млади луѓе, беа избрани и станаа дел од оваа програма. Честитки до сите вас!

Дозволете да се заблагодарам на претседателот на Советот за странски инвеститори, Штефан Петер, и на сите осум успешни компании – учеснички, кои со овој, општествено одговорен чекор, ги ставија на располагање своите капацитети, и прифатија да дадат придонес во дооформувањето на млади менаџери и бизнис лидери, кои ќе ги препознаат светските трендови и ќе бидат додадена вредност во развојот на нашата држава.

Сакам да ги охрабрам во оваа прилика и сите останати кандидати кои аплицираа и покажаа интерес да бидат дел од програмата, да не се откажуваат и да ја искористат идната шанса, која ќе ја има наскоро. Континуираното учење и усовршување, стекнување на нови знаења, вештини и искуства е единствената гаранција за постигнување максимален успех. Интересот што сите вие го покажавте е доказ дека вашата желба за лично надградување е посилна од пандемијата со која се соочуваме.

Неспорен факт е дека младите се најголемиот капитал на секое општество. Затоа, наша заедничка должност, на државните институции, на образовните институции, но и на бизнис заедницата, е да вложуваме и инвестираме во креирање на амбиент во кој младите ќе имаат можност за своја реализација. Живееме во динамично време во кое светот се менува многу побрзо од порано. Како велат: денес, единствена константа се промените. Затоа е неопходно да градиме кадри кои ќе бидат подготвени за новите и брзи промени. Предуслов за тоа е да имаме систем кој ќе ги подготвува младите да решаваат проблеми, да креираат функционални политики и да менаџираат со состојбите, наместо да меморираат готови решенија, кои не можат да се применат затоа што најчесто немаат контакт со реалноста.

Пандемијата на Ковид-19 со која се соочуваме, е само последниот поучен пример за сите нас, од кој можеме многу да научиме.

Почитувани,

Ваквите проекти не претставуваат замена за образовниот систем, но, треба да ја добијат нашата поддршка, затоа што се значаен додадок на теоретското образование и можност студентите да бидат директно вклучени во процесите, во креирањето на  политиките и во функционирањето на соодветни сектори во компаниите. Така што, од оваа програма ќе има двоен бенефит. Од една страна, компаниите ќе имаат можност да ги чујат размислувањата на младите, а, младите кадри ќе имаат можност да стекнат нови, практични знаења.

Крајната цел на сите нас е дипломираните студенти да ги задржиме тука и заради тоа треба да дадеме предност на квалитетот и професионалноста над импровизацијата и полтронството. Само на тој начин ќе спречиме емиграција на квалитетни и способни кадри.

Драги учесници,

Верувам дека ќе бидете на висина на задачите што ќе ви бидат доверени, со што ќе го оправдате вашиот избор. Сигурен сум дека и компаниите ќе има што да научат од вас и соодветно ќе го искористат вашиот потенцијал. Можеби токму вашите идеи ќе бидат инспирација за развој на идни бизнис планови, како што вие, верувам ќе бидете инспирација за други ваши колеги во иднина да бидат дел од вакви и слични програми на вмрежување.

На крајот, сакам да истакнам дека ми претставува навистина чест и задоволство што сум покровител на програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“. Ви посакувам успешна работа и искрено се надевам дека ќе се сретнеме за два месеца на доделување на сертификатите, каде очекувам да ги чујам вашите лични импресии и стекнатите искуства.

Со среќа!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...