Обраќање на дебата: „Штетното влијание на дезинформациите“

6 март 2020 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на дебата: „Штетното влијание на дезинформациите“, во организација на граѓанската асоцијација МОСТ.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека технолошкиот развој и дигитализацијата овозможија достапност на дигитални платформи кои се лесни за работа, но, истата таа технологија овозможува и брзо ширење на дезинформациите и мултиплицирање на нивното дејство, создавање на алтернативна реалност од дезинформации во кои се губи вистината.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани граѓани, претставници на медиумите,
Почитувана амбасадорке Брнс, почитувани гости,

Би сакал да се заблагодарам за поканата и за можноста да се обратам на денешниот настан на тема која е многу актуелна во целиот демократски свет – штетното влијание на дезинформациите. Нема да кажам ништо ново ако истакнам дека слободата на говор е еден од темелите на демократијата, што овозможува дебата за клучните теми на едно општество преку слободно изразување на различните мислења.

За разлика од порано кога главните канали на информирање беа традиционалните медиуми, денес дигиталните платформи, блоговите и социјалните медиуми стануваат главниот извор на информирање. Дигиталната револуција предизвика значителни технолошки промени кои овозможија социјалните медиуми да станат масовно користени канали за комуникација. Нив ги користат поединците, ги користат и компаниите како начин за промовирање на своите услуги и продукти, а во исто време, дигиталните платформи станаа места каде што се вдомија и многу медиуми. Тие овозможуваат инстант изразување и креираат различни публики преку брзо групирање на луѓето околу една актуелна тема. Овозможуваат критика на државни институции и на приватни компании и така влијаат за подобрување или за влошување на репутацијата на одредени ентитети, социјални групи, дури и на цели заедници.

Дигитализацијата неспорно придонесе за зајакнување на слободата на говор, затоа што сега граѓанските организации, неформалните групи на активисти и политичките партии многу полесно и побрзо допираат до различни категории на граѓани. Интернетот и социјалните медиуми овозможија неверојатна плурализација на медиумската слика на национално и на глобално ниво, можност и маргинализираните да станат видливи.

Меѓутоа, во рамките на експанзијата на социјалните медиуми, без преседан во историјата на човештвото, се јавува еден нов, сериозен предизвик и проблем, а тоа е злоупотребата на слободата на говор од различните учесници во јавниот дискурс, а често пати и злоупотреба на правото на приватност. Технолошкиот развој и дигитализацијата овозможија достапност на дигитални платформи кои се лесни за работа, но, истата таа технологија овозможува и брзо ширење на дезинформациите и мултипликација на нивното дејство, создавање на алтернативна реалност од дезинформации во кои се губи вистината.

Сведоци сме на таа појава дури и во најновата криза со појавата на корона вирусот. Светската здравствена организација од самиот почеток апелираше на информирање од меродавни извори, нагласувајќи дека постои и епидемија на лажни вести.

Веќе со години на глобално ниво се познати трендовите на пораст на лажните вести и дезинформации, појавата на фабрики на „тролови“ односно, лажни профили кои симулираат дебата за одредена тема која е од корист за одредена политичка или бизнис организација, како и недостаток на проверка на факти во содржините кои се објавуваат. Последниве години започнаа дебати и за влијанието на социјалните медиуми врз изборите во различни земји, отворајќи го прашањето за улогата на социјалните медиуми во развојот на демократијата.

Почитувани,

За да биде ефикасна борбата против лажните вести и дезинформациите потребни се здружени напори, ефективна соработка на државните институции со граѓанскиот сектор, со медиумите, со образованието и со бизнисите кај кои ќе се поттикнува и користење на најдобрите практики и соработка со партнери од странство.

Секое одговорно општество кое сака да биде демократско мора постојано да се спротивставува на дезинформациите на организиран начин. Не е обврска само на медиумските куќи или бизнисите да ги демантираат дезинформациите. Овој процес освен што е долгорочен треба да биде и сеопфатен. Наша е одговорноста да образуваме генерации на млади луѓе кои ќе читаат, ќе имаат развиени аналитички вештини и ќе разликуваат лага од вистина. Наша обврска е да развиваме свест дека технологијата треба да се користи за јавното добро, на лажните вести да одговоривме со повеќе образование, со развивање на критичка свест кај сите возрасни категории и да дадеме поддршка на граѓанските иницијативи кои работат на медиумска писменост.

Денес сум тука меѓу вас и да кажам дека сум отворен за соработка со сите институции и поединци од земјава и од странство со кои можеме заеднички да работиме на воведување на добри практики, со цел да придонесеме за намалување на ширењето на дезинформациите. Немам никаква дилема дека крајната цел ни е заедничка, а, тоа е – унапредување и развој на демократијата.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....