Обраќање на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

24 јануари 2020 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски на заедничката прес-конференција му се заблагодари на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, бидејќи уште на почетокот на неговиот мандат јавно изразил поддршка за отпочнување на претпристапни преговори за Северна Македонија, а неговата посета не уверува дека во него имаме силен поддржувач на проширувањето на ЕУ.

Во продолжение e интегралниот текст од обраќањето.

Почитувани граѓани,
Почитувани претставници на медиумите,
Почитуван господин Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет,

Ми претставува задоволство да Ви бидам домаќин на Вашата прва посета на Република Северна Македонија.

Истовремено, Ви честитам за преземањето на функцијата претседател на Европскиот совет и Ви посакувам успех во Вашата многу одговорна работа во годините што следат. Се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во време на Вашиот мандат ќе имаме позитивен напредок во нашата европска интеграција.

Денес имавме можност да разговараме за претстојниот важен период во процесот на нашето пристапување кон Европската унија.

Ја користам оваа прилика да Ви се заблагодарам затоа што уште на почетокот на Вашиот мандат јавно се произнесовте со поддршка за отпочнување на пристапните преговори, а Вашата посета не уверува дека во Вас имаме силен поддржувач на проширувањето на ЕУ.

Минатиот октомври, и покрај нашите високи очекувања базирани врз недвосмислените изјави и ветувања од страна на институциите на ЕУ и од страна на голем број од државите членки, добивме непријатни вести за нашата европска интеграција.

Но, членството во ЕУ, без никакви резерви, е наша основна стратешка цел и продолжуваме да работиме за нејзино исполнување.

Се надеваме дека, многу скоро, уште во март оваа година, ќе биде усвоена новата методологија за водење на претпристапните преговори и дека наскоро ќе има позитивни вести за нашата европска интеграција. Очекуваме дека со новата методологија ќе се зајакне процесот на пристапните преговори, како политички така и во однос на кредибилитетот и одржливоста. Како што Ви истакнав и на нашата средба, ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија затоа што тоа е во наш интерес, процесот да биде одржлив и кредибилен. Процесот за пристапување на Унијата да биде одржлив и кредибилен.

Како што истакнав, членството во Европската унија е наша стратешка цел скоро три децении, цел која е поддржана со широк национален консензус, како и со висока поддршка од граѓаните.

Затоа, од сите политичари, ние што сме на чело на институциите на државата, но и оние кои се во опозиција, се очекува да продолжиме со работа на реформската агенда на земјата, така интензивно како што работевме и во решавање на прашањата со соседите и унапредување на добрососедските односи.

Потребна е целосна посветеност на спроведување на клучните реформи, како и организирање на демократски, слободни и фер избори.

Почитуван господин Мишел,

Европската интеграција не е значајна само за нас. Проширувањето на ЕУ е значајно за целиот регион. Процесот на пристапување кон ЕУ се покажа како значаен механизам за зајакнување на стабилноста, демократизацијата и економскиот просперитет за земјите кои се приклучија на Унијата.

Наскоро стануваме полноправна членка на НАТО, со што го заокружуваме исполнувањето на едната од нашите две стратешки цели на кои работиме со децении. Се надевам дека оваа пролет ќе ни донесе позитивни вести и за нашата втора стратешка цел – членството во ЕУ.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...