Обраќање на претседателот Пендаровски на настанот „Вечери на женски права“

7 март 2020 | Обраќања

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски  вчеравечер се обрати на отворањето на 11. издание на настанот „Вечери на женски права“ кое годинава се одржува од 6 до 12 март  во знакот на годинешната тема за одбележување на  Меѓународниот ден на жената – 8. март: „Јас сум Генерација Еднаквост – остварување на женските права за еднаква иднина!“.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека родовата еднаквост е важна заложба во неговиот мандат со што сака да го даде својот придонес за унапредување на родовата еднаквост и родовите политики во земјата. Со позитивните промени и со стратешкиот фокус на родовите политики во периодот кој следи, смета претседателот Пендаровски,  можеме како општество да направиме значаен исчекор во подобрување на родовата еднаквост во секоја сфера.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани присутни, 

Почитувана резидентна координаторка на Обединетите Нации,

Ваши екселенции, ценети гости,

Ја имам честа да ви се обратам вечерва на отворањето на 11-то издание на „Вечерите на женски права“. Задоволство е да се биде дел од овој настан кој години наназад во континуитет го одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ги слави постигнувањата за унапредување на правата на жените и родовата еднаквост и отвора простор за дискусии и промислувања на нашата лична, но и колективната посветеност во градењето на едно праведно и прогресивно општество.

Оваа година одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е во знакот на неколку значајни јубилеи поврзани со глобалните заложби за унапредување на родовата еднаквост и женските права. Имено, оваа година одбележуваме 25 години од Пекиншката декларација и Платформа за акција, 20 години од усвојувањето на Резолуцијата 1325 за жените, мирот и безбедноста, 10 години на UN Women (Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените), како и 5-години од Агендата 2030 и целите за одржлив развој на Обединетите нации. Токму сега е периодот кога ние како држава, и останатите земји на светско ниво, го оценуваме напредокот во исполнувањето на зацртаните глобални цели и преземените обврски за постигнување на родова еднаквост на национално и глобално ниво. Прогресот постои, но за жал, се одвива со бавно темпо, а неретко сме сведоци и на назадувања во поглед на родовата еднаквост, како и ограничувања во однос на веќе стекнатите права на жените.

Како земја, покрај одредениот напредок, имаме да направиме уште многу за да ги надминеме постојните состојби со нееднаквоста во речиси секој општествен сегмент. Позитивните законски решенија и политики донесени во изминатите две години, како што е ратификувањето на Истанбулската Конвенција (Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство) и законското решение во поглед на здравствените и репродуктивните права на жените, се значајни исчекори во заложбите за подобрување на родовата еднаквост во земјата. Сепак, ефективните промени и трансформативниот потенцијал на политиките и законите зависат од нивната доследна имплементација и алоцирање на соодветна буџетска поддршка. Искуствата на развиените земји ни покажуваат дека вистински напредок во унапредување на родовата еднаквост се постигнува со родово одговорни политики во секоја сфера, посветено и долгорочно инвестирање во родовата еднаквост и вложување во образованието.

Почитувани,

Родовата еднаквост е важна заложба во мојот мандат, со што сакам да дадам придонес за унапредување на родовата еднаквост и родовите политики во земјата. Во рамките на моите надлежности како Врховен командант, за првпат во нашата историја поставив и жена за аѓутант. Настојувам да има родов баланс и на пониските и на повисоките позиции во мојот кабинет, а ангажирав и советничка за родови прашања.

Сакам да нагласам дека моето присуство на овој настан треба да биде разбрано и како силна поддршка на посветената работа и упорноста на граѓанските и женските организации, активистките и активистите, и сите институционални актери кои работат секојдневно на подобрување на положбата на жените и родовата еднаквост. Верувам дека со позитивните промени и со стратешкиот фокус на родовите политики во периодот кој следи можеме како општество да направиме значаен исчекор во подобрување на родовата еднаквост во секоја сфера. На крајот сакам да ви посакам успешен настан и уште едно инспиративно издание на „Вечерите на женски права“.

Честит Осми Март.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...