Обраќање на претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност

15 мај 2020 | Соопштенија

Денеска во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, се одржа 6-та седница на Советот за безбедност, посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата со коронавирусот.

Во продолжение е  интегралното обраќање на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Почитувани,

Денеска ja одржавме 6-та седница на Советот за безбедност на која дискутиравме за текот на вонредната состојба, прогласена поради пандемијата на КОВИД-19.

Присутни на седницата беа претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Оливер Спасовски, министрите за внатрешни и за надворешни, Чулев и Димитров, и професорите Трајан Гоцевски, Ветон Љатифи и Ненад Марковиќ. Присутен беше, на моја покана и д-р Жарко Караџоски од Комисијата за заразни болести.

Советот за безбедност заклучи дека надлежните институции работат координирано, со сите капацитети и ресурси за справување со пандемијата. Ситуацијата е подобрена во споредба со изминатиот период. Евидентно е дека стратегијата за справување со корона кризата дава резултати што укажува на тоа дека како држава добро се справуваме со овој огромен предизвик. Комисијата, односно претседателот не информираше и за планот за релаксирање на мерките по фази и димензионирање на безбедносните протоколи кои до сега ги имаат изработено и ги работат се уште за некои стопански дејности.

На седницата го разгледавме и извештајот кој Владата го достави за спроведување на вонредната состојба поради пандемијата прогласена вториот пат на 17 април.

На седницата премиерот Спасовски реферираше за изминатите 30 денови и го образложи предлогот на Владата за повторно прогласување на вонредна состојба во траење од 30 денови.

По широките консултации, кои изминатите денови и денеска ги имав со експерти од повеќе области и со советниците во Кабинетот, а врз основа пред се на кажаното  и предложеното на седницата одлучив да прогласам нова вонредна состојба во траење од само 14 дена, наместо бараните 30. Со оглед на позитивните трендови на смирување на состојбата со пандемијата сметам дека 14 денови се доволни.

Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата, кои веќе сега се чувствуваат како резултат на фактот што огромен број фирми не работеа и сеуште не работат. Кон крајот на месецот, бев информиран, дека се очекува да склучиме кредитен аранжман со ЕБРД, со Европската банка за обнова и развој, од околу 160 милиони евра. Се разбира, исто така, многу важна, веројатно најважна причина за оваа одлука беше и тоа што на таков начин и се овозможува Владата да продолжи преку уредбите со законска сила да овозможува на целокупниот здравствен сектор поуспешно да се справува со пандемијата. Овде само кусо ќе ми дозволите еден мал коментар дека Владата може вонредната состојба да ја користи за поткуп на гласачите. Сакам да ви кажам, барем во однос на овој последниот податок кој го изнесов дека се подготвуваме како држава да склучиме аранжман со ЕБРД, дека такви работи со Европската банка не се возможни. Тоа се строго наменски средства и ќе одат за поддршка на стопанството. Се разбира дека не можат да бидат, и ако некој воопшто има таква намера, не можат да бидат пренаменети за изборен поткуп. Инаку, за евентуални злоупотреби и на ова до сега што беше активност на Владата во вонредна состојба, значи уредбите со законска сила, и она што ќе биде донесено понатаму во следните 14 денови, за тоа постои Уставен суд. Знаете дека дел од тие уредби веќе ги прогласи за неуставни и донесе времени мерки за стопирање на нивното дејствие. Се разбира, постои и Антикорупциска и ред други државни органи кои можат да проверат дали тие уредби со законска сила се за справување со пандемијата или имаат некоја сосема друга мотивација. Тука сакам посебно да напоменам, бидејќи имаше и такви шпекулации, дека траењето на вонредната состојба, овој пат од 14 дена, нема ама баш никаква корелација со датумот на следните избори. Никаква. Тоа е посебна тема, која, знаете, ќе ја дискутираме на следната лидерска средба на почетокот на следната недела.

Почитувани,

Изминативе денови до мене, и преку вас медиумите се разбира до сите нас, стигнаа многубројни реакции од граѓани во однос на прогласувањето на вонредната состојба, кадешто некои луѓе, веројатно не беа информирани кои се вистинските ефекти во животот на секој од нас од прогласената вонредна состојба. Овде сакам да разјаснам дека голем дел од мерките кои се преземаат, а се поврзани со ограничување на движењето, на пример, на луѓето, понатаму затворањето на школите и градинките, или на стопанските субјекти, не се, на ниеден начин поврзани со декларирањето на вонредната состојба. Поинаку кажано, дури и во вонредна состојба тие можат да бидат укинати.

Да повторам, нова вонредна состојба ни е потребна исклучиво за справување со економските ефекти поврзани со КОВИД-19, како и со заокружување на здравствените одговори на пандемијата.

Инаку овие мерки кои ги споменав и кои се поврзуваат погрешно со вонредната состојба, тие рестрикции се воведуваат согласно Законот за заштита од заразни болести, на препорака на Комисијата за заразни болести и не се воопшто директна последица од воведувањето на вонредната состојба. Во оваа смисла, сакам да ја искористам оваа прилика и да побарам од Владата да размисли, бидејќи тоа не е моја надлежност тоа е нивна, меѓутоа да размисли за постепено намалување на рестрикциите во однос на движењето на граѓаните и во однос на работата на стопанските субјекти.

Почитувани,

Се надевам дека од оваа криза сите ние ќе излеземе со многу научени лекции, пред се за важноста на човечкиот живот и за потребата од заедничка грижа за здравјето на секој од нас. Да го чуваме ова заедништво кое го демонстрираме во изминативе два месеца и да продолжиме да си даваме поддршка едни на други за да можеме поуспешно да се справиме со последиците од коронавирусот кој за жал ќе остане и понатаму со нас, како и со целиот свет.

Советот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и се разбира ќе заседава кога за тоа ќе има потреба.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...