Обраќање на претседателот Пендаровски на Светскиот лидерски самит за климатски промени – COP26

1 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски кој учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) во Глазгов, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска присуствуваше на отворањето на самитот и се обрати на пленарната сесија на собирот.

Претседателот Пендаровски ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, а ќе присуствува и на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Главна цел на конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (COP26) е да ги собере светските лидери за да се забрза акцијата кон целите од Парискиот договор од пред 6 години, за одржување на растот на температурата под 1,5 степени, со демонстрирање на нивната посветеност за “нето нулта стапка на емисии на штетни гасови” и заложба земјите да престанат да го употребуваат јагленот.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Ваши екселенции,

Пандемијата на КОВИД-19 сè уште доминира на светската агенда. Затоа не смее да се потцени еден од најголемите системски ризици врз човештвото.

Научниците велат дека можеби останува само уште една деценија за светот да ги преосмисли фундаментално своите развојни парадигми, да ги промениме нашите животни навики и да ги закрепнеме нашите економии на цврсти и одржливи основи. Ако ги игнорираме ваквите загрижувачки трендови, следат катастрофални последици за животната средина, здравјето, безбедноста на храната и водата, односно за целокупната  безбедност и развој на луѓето.

Она што го ветивме во Париз, мора да го испорачаме тука, во Глазгов.

Како земја-кандидат за членство во ЕУ подготвена да започне преговори, Северна Македонија веќе го транспонира европското законодавство за климатски промени во своето национално законодавство. Поддржувајќи го Европскиот зелен договор, подготвени сме со нашиот удел да придонесеме Европа да стане првиот јаглеродно-неутрален континент до 2050 година.

И покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции. За таа цел, го усвоивме ревидираните национално утврдени придонеси. Нашата амбициозна цел поставена за 2030 година е да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51%, во споредба со нивоата од 1990 година, или 82% во нето емисии во споредба со истата година која е земена како појдовна основа. Осмисливме 63 политики и мерки за ублажување кои се родово одговорни и поврзани со 15 цели за одржлив развој.

Спроведувајќи ја нашата долгорочна стратегија за климатски акции, се стремиме да ја трансформираме Северна Македонија во економија со ниска емисија на јаглерод, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија. Вклученоста на целото општество ќе помогне во справувањето со невработеноста преку создавање еколошки работни места, намалување на загадувањето со обновливи извори и развој на одржливи навики преку образование.

Овие обврски ги презедовме наспроти неколкуте структурни предизвици по нашиот национален економски раст, влошени од разорните ефекти на КОВИД-19, бидејќи цврсто веруваме дека единственото одржливо закрепнување од пандемијата е еколошкото закрепнување. Ако држава со БДП по глава на жител под 6.000 американски долари е целосно посветена на остварување на овие амбициозни ветувања, тогаш секоја држава во светот може да го стори тоа.

Веќе осмисливме транспарентна, координирана и сеопфатна климатска акција во партнерство со науката, бизнисите, граѓанското општество и младите. Во исто време, сосема сме свесни дека меѓународното финансирање ќе зависи од ефективното, функционално и правично управување на национално и на меѓународно ниво.

Драги пријатели,

Пред 50 години, В. Х. Оден ја напиша „Химната на Обединетите нации“. Во неа тој вели дека „мирот значи да се направи промена во вистинско време, додека светскиот часовник отчукува“. Предолго, неодржливите модели на производство и потрошувачка на човештвото не се синхронизирани со ритамот на природата. Во овој краен час, време е да се врати часовникот на климатскиот систем назад, за идните генерации не само да преживеат, туку и да живеат во безбеден, достоен и просперитетен свет.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Прием на медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на „Турнир во мал фудбал на медиуми“

Прием на медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на „Турнир во мал фудбал на медиуми“

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на традиционалната спортско-забавна манифестација „Турнир во мал фудбал на медиуми“, што по 30. јубилеен пат ја организира „Спортско радио 90.3 ФМ“. [gallery...

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во посета на преспанскиот регион

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во посета на преспанскиот регион

Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена, во организација на Центарот за управување со кризи и во соработка со Националната федерација на фармери, сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска  беше во посета на преспанскиот регион....

Средба на претседателот Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“

Средба на претседателот Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ги прими учесниците на конференција на високо ниво „Зелена агенда за Западен Балкан“, што во организација на институтот Аспен од Германија се одржува во Скопје. На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со...

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија....

Интервју на претседателот Пендаровски за „Топ тема“ на телевизија Телма

Интервју на претседателот Пендаровски за „Топ тема“ на телевизија Телма

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Топ тема“ на телевизија Телма говори за актуелната енергетска криза, напорите за обезбедување на стабилно снабдување со енергенси и неодамнешната работа посета на Република Бугарија, во тој контекст. Во интервјуто...