Обраќање на претседателот Пендаровски на Самитот за демократија во организација на американскиот претседател Џо Бајден

9 декември 2021 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија кој се одржува виртуелно во организација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

На дводневниот самит учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор.

Целите на Самитот се поттикнување на заложбите и иницијативите за јакнење на демократијата и одбрана од авторитаризам, борба против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права, како и претставување на предизвиците со кои се соочува демократијата на глобално ниво и во земјите-учеснички, вклучително и во Соединетите Американски Држави.

Почитувани екселенции,

Драги пријатели,

Дозволете ми да искажам искрена благодарност до американскиот претседател Бајден, кој е домаќин на овој Глобален самит за демократија. Овој настан се случува во најкритичниот временски период, кога сите сме сведоци на слабеењето на „имунолошкиот систем“ на демократиите ширум светот.

Овој Самит за демократија се совпаѓа со Меѓународниот ден за борба против корупцијата и Меѓународниот ден на човековите права. Длабоко сум убеден дека ќе испратиме унифицирана порака до сите популистички и авторитарни режими кои се стремат да ги поткопаат нашите вредности и да ја потиснат слободата на луѓето.

Оваа година, Северна Македонија одбележува три децении од Денот на независноста, од времето кога ја прифативме демократијата и ги заштитивме со нашиот Устав – слободата, основните човекови права и правда за сите.

Нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење. По падот на комунизмот, во исто време поминавме низ сложен процес на градење на држава и на демократија. За разлика од земјите од Централна и Источна Европа кои ги уживаа придобивките од европското обединување, Северна Македонија, и покрај тоа што успешно ја избегна граѓанската војна, беше дел од регионот во Европа каде што беа извршени најужасните воени злосторства по Втората светска војна.

И покрај ваквото огромно регионално влијание врз македонското мулти-културно општество, успеавме да изградиме и да одржиме функционален модел на мултиетничка демократија.

Стратешките цели за членство во НАТО и Европската Унија беа силен поттик дополнително да се зајакне довербата на граѓаните во демократскиот модел на управување.

Сепак, во последната деценија, на сите континенти, дури и во утврдените  демократии, посведочивме пораст на популизмот и авторитарните тенденции кои ја предизвикуваат демократијата и ја прават ранлива.

Драги пријатели,

Не постои алтернатива и не треба да губиме ниту минута: ревитализацијата на демократијата е од суштинско значење за справување со овој предизвик без преседан во нашето време. Потполно сме свесни дека нашата безбедност, просперитет и основните права и слободи се меѓусебно поврзани. Северна Македонија целосно ја поддржува главната причина за овој собир и е подготвена повторно да се заложи за основите на слободниот свет:

Прво, заеднички да го браниме нашиот начин на живот од авторитарни држави и ентитети, на решителен и координиран начин.

Второ, двојно да ги зголемиме нашите напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал бидејќи тие го нарушуваат владеењето на правото и довербата на јавноста во демократијата и, како такви, претставуваат закана за националната безбедност.

Трето, да ги заштитиме човековите права и слободи преку градење на цврсти, одговорни институции, силно граѓанско општество и слободни медиуми.

Драги пријатели,

Демократијата ги има сите ингеренции да надвладее над авторитаризмот, а заедницата на демократските народи е должна да ја промовира и заштити. Алтернатива е враќање назад во историјата обележана со уништување и огромно страдање на милиони луѓе.

Светот заслужува многу подобра иднина. Само во демократија можеме да бидеме сигурни за исходот.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...