Обраќање на претседателот Пендаровски на церемонијата на откривање на биста на Мајка Тереза

11 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше и се обрати на церемонијата на откривање на бистата на Мајка Тереза, настан организиран во косовската амбасада во Скопје, а на кој присуствуваа и Вјоса Османи Садриу, претседателката на Република Косово и Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.

Во продолжение е интегралниот текст на обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувана Вјоса Османи, претседателка на Република Косово,

Почитуван пријателе Бегај, претседател на Република Албанија,

Почитуван спикер на Парламентот,

Почитувани министри, дипломатски кор, драги пријатели,

Имам особена чест да сум дел од церемонијата на откривање на бистата на Мајка Тереза, светски позната хуманитарка, добитничка на Нобелова награда за мир, без дилеми, една од најзначајните личности на 20-от век. Иако целиот свет ја знаеше како Мајка Тереза, за нас, нејзините сограѓани таа беше и остана скопјанката Гонџа Бојаџиу.

Токму во нејзиниот роден град каде што ги помина првите 18 години од својот живот и којшто четири пати подоцна го посети дарувајќи љубов и ширејќи милосрдие, имаме можност да откриеме уште една нејзина биста. И овде, во просторот на косовската амбасада, ликот на Мајка Тереза ќе не потсетува на нејзината морална чистота, грижа за беспомошните, болните и сиромашните. Ќе не потсетува на една маркантна фигура која треба да ни биде инспирација да подаруваме, да се грижиме еден за друг како најблиски соседи и искрени пријатели.

Мултиетничката, мултикултурна и мултирелигиозна македонска средина во која порасна Гонџа Агнес Бојаџиу се уште е пример за соживот и взаемна почит меѓу луѓето. Од секогаш сме биле дел од еден ист, заеднички простор и ќе продолжиме да бидеме дел од него. Затоа треба да ги надминеме поделбите, омразите од минатото,  да си простиме за старите гревови и да продолжиме понатаму. На Балканот, имаме видено доволно беда, сиромаштија, војни, омраза, гнев, меѓутоа, во име на подобрата сегашност и иднина ни треба соработка и разбирање, не како форма, туку суштински.

Драги пријатели,

За својата хуманитарна дејност, посветеност и пожртвуваност, Мајка Тереза има добиено стотици награди, со што е веројатно една од најнаградуваните личности во историјата на човековата цивилизација. Сепак, и покрај тоа, таа беше скромна и понизна, свесна за минливоста на човечкиот живот и нашите лимитирани капацитети како индивидуи.

Дозволете ми, на крајот од моево обраќање, да споделам една мисла која за мајка Тереза ја изрече папата Јован Павле Втори, за време на чинот на нејзина беатификација пред 20 години, која е парадигматска во контекст на нејзината животна филозофија. Во таа прилика, Светиот Отец рече дека таа била олицетворение на библискиот стих “Кој меѓу вас сака да биде прв, мора да ви биде слуга”.

Или, на нејзиниот мајчин, албански јазик: “kushdo nga ju që do të dojë të jetë i madh, le të jetë shërbëtori juaj”.

Faleminderit!

Ви благодарам!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...