Обраќање на сопругата на претседателот на Конгресот на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари

13 мај 2023 | Соопштенија

 

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, со видео порака се обрати на отворањето на Петтиот конгрес на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари со меѓународно учество кој се одржува од 12-14 мај 2023 година во Охрид.

На Конгресот учествуваат предавачи од  земјава, Италија, Турција, Србија, Хрватска, Албанија, Малта, Португалија, Египет, Грција, Словенија и ќе споделат знаења за одредени проблематики со цел заштита и унапредување на женското здравје и генерално, здравјето на населението. Меѓу темите на кои ќе се дискутира на Конгресот се перинатологија, гинеколошка онкологија, урогинекологија и пелвична статика, инфертилитет и ендокринологија, минимално инвазивна хирургија во гинекологијата, општа и ургентна гинекологија и др.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска:

Почитувани,

Улогата на професиите гинеколог и опстетричар во планирањето на семејството, водењето грижа за социјалните и психолошките аспекти на идните родители, унапредувањето на женското здравје, е многу значајна зa да имаме здраво население. Со своето професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи, нивните советувања и едуцирање, тие придонесуваат за зачувување на здравјето на жената. Секако, една од нивните најблагородни мисии е грижата за идната мајка во бременоста и нејзиното донесување на свет на здраво бебе.

Здравствените професионалци постојано се во чекор со современите пронајдоци и секогаш тежнеат кон стручно усовршување со цел да овозможат уште подобри здравствени услуги и да им помогнат на пациентите кои имаат здравствени предизвици да ги надминат успешно.

Петтиот конгрес на гинеколози и опстетричари во Охрид кој има меѓународен карактер е место на кое се собрани голем број на здравствени стручњаци кои споделувајќи ги најновите сознанија поврзани со гинеколошка онкологија и инкофертилитет, репродуктивна ендокринологија и инфертилитет, перинатологија, минимално инвазивна хирургија во гинекологијата и многу други области, ќе ги споделат своите искуства и дискутирајќи за одредени предизвици ќе се обидат и да понудат решенија за нивно унапредување и ќе придонесат за значајни позитивни промени и продлабочување на соработката за понатамошно креирање на поквалитетни програми и услуги.

Драги членови на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, Ви благодарам на поканата да присуствувам на овој значаен настан и со длабоко жалење би сакала да се извинам за неможноста да присуствувам на истиот. Ви честитам на досегашната успешна работа и сигурна сум дека во наредниот период ќе продолжите со уште многу други успешни активности. Ви посакувам многу успешен конгрес со продуктивни дискусии и ефективни заклучоци и препораки!

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...