Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

29 февруари 2024 | Aктивности, Соопштенија

 

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.

 

Истакнувајќи дека можноста да проговориме за проблематиката на ретките болести, значи  да се осврнеме на секојдневната борба, грижи, психосоцијални проблеми со кои се соочуваат болните од ретки болести, но и нивните семејства, нивните најблиски, сопругата на претседателот рече дека оваа наша мала храбра заедница достоинствено се носи со сите здравствени предизвици што ги носат ретките болести, но и останатите околности кои и тоа како се значајни.

„Имено, покрај соодветното лекување, односно  здравствената помош, суштински се и социјалниот ефект, прифаќањето од средината, психичката состојба и така натаму. Клучно е што покрај неопходната здравствена грижа и нега која сама за себе е комплексна и со големи финансиски импликации, како заедница, како општество, неопходно е да понудиме и психичка поддршка, да понудиме топлина, грижа и љубов“, нагласи г-а Ѓоргиевска.

Г-а Ѓоргиевска истакна дека верува дека токму настаните како денешниот треба да предизвикаат пред сè сензибилизирање на пошироката јавност. Таа додаде дека солидарноста, емпатијата се дел од човековото битисување и човечката природа и не треба да ги поттиснуваме и маргинализираме, туку напротив, треба да ги развиваме и свесно работиме на нив особено кај најмладите.

„Би сакала да ја искористам оваа можност уште еднаш да ви оддадам признание за храброста, но и да повикам да работиме на отстранување на сите пречки во процесот на лекување, помагање, социјализација на нашите сограѓани со ретки болести и нивно целосно вклучување во општествениот, културниот, политичкиот и економскиот живот “, порача сопругата на претседателот.

На настанот се обрати и министерот за здравство Илир Демири, а на панел дискусијата учествуваа претставници на здруженија на пациенти со ретки болести, пациенти и членови на семејства, доктори, членови на Комисијата за ретки болести, претставници од неколку ресорни министерства и од Фондот за здравствено осигурување.

Учесниците на панелот дискутираа за моменталната состојба на лицата со ретки болести и нивните семејства, потребите за системски решенија преку усвојување на Стратегија за ретки болести со акциски план за делување во областите здравство, труд и социјална политика и образование, како и буџет за спроведување на планираните мерки и активности.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...