Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусијата „Придонесот на жените во здравство“

8 март 2024 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на панел дискусијата „Придонесот на жените во здравство“ што под нејзино покровителство се одржа во Кабинетот на претседателот. Настанот е во организација на Хелт Хаб , Канцеларија на претседателот на Република Северна Македонија и се одржа по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8.Март.

Претседателот Пендаровски ги поздрави присутните на почетокот на настанот. Честитајќи го Меѓународниот ден на жената – 8.Март, претседателот Пендаровски во своето обраќање ја поздрави работата и активностите на присутните жени од различни места, различни профили, различни институции коишто се во насока на постигнување на родова еднаквост и правата на жената.

Во своето обраќање, сопругата на претседателот истакна дека изминатите години во соработка со повеќето од присутните жени беа организирани огромен број на настани коишто ги вклучуваа срцевото здравје кај жените, исхраната, вакцинацијата, сексуалното и репродуктивното здравје, телесната автономија. Таа додаде дека значајно е формирањето на Хелт Хаб во рамки на Канцеларијата на претседателот, работата со студентите и специјализантите по медицина и по стоматологија бидејќи на таков начин смета дека може да се смени перцепцијата за жените во здравството.

Честитајќи го 8. Март, Меѓународниот ден на жената, сопругата на претседателот истакна дека токму овој ден навистина треба да биде патот на еднаквоста, рамноправноста и отворените можности.

На панел дискусијата присутните гости – млади лекари, специјализанти и ученици од Средно медицинското училиште „Д-р Панче Караѓозов”, Скопје имаа можност да ги следат обраќањата и дискусиите на проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарската Комора на Република Северна Македонија; проф.д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација, Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување; проф. д-р Александра Грозданова, национанален координатор за имунизација на Северна Македонија; проф. д-р Марија Вавлукис, Универзитетска Клиника за Кардиологија; проф. д-р. Мерал Реџепи, раководител на оддел за гинекологија и акушерство, ЈЗУ Клиничка болница Тетово и проф. д-р Елена Шукарова Ангелова, ЈЗУ Клиника за детски болести.

Панелистките споделувајќи лични приказни за патот до остварување на успешна кариера во областа на здравството, говореа и за бариерите кои ги сретнале на овој пат, но и нивната посветеност, истрајност и голема желба да се остварат на професионален план прескокнувајќи ги сите препреки успешно. Тие на студентите им порачаа да се посветат на своето образование и да бидат смели во донесувањето одлуки кои ќе им ја трасираат животната и професионалната патека.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...