Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на презентацијата на извештајот за ревизија на перинатална смртност

19 ноември 2020 | Aктивности, Обраќања, Соопштенија

Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на настан посветен на првиот извештај за ревизија на перинаталната смртност во Северна Македонија во 2019-та година.

Истакнувајќи дека резултатите од овој извештај се од големо значење при планирање на идните мерки и активности за подобрување на квалитетот на здравствените услуги на мајките и новороденчињата, Ѓоргиевска истакна дека само со здружени сили и заеднички ангажман на сите релевантни институции, граѓанското општество, медиумите и истражувачките институции, системот ќе успее да ја одржи веќе започнатата акција за намалување на смртноста кај мајки и новороденчиња.

„Секоја мајка има право на здравствена заштита, има право на безбедна бременост и безбедно породување. Со тоа, за мајката целиот период ќе биде позитивно искуство. Секое новороденче има право да се роди во безбедна средина, безбедно да се пренесува доколку се појават проблеми и што е најважно, да биде близу и опкружено со грижата и љубовта од семејството“, потенцираше Ѓоргиевска.

Во таа насока, како што рече Ѓоргиевска, кога ќе се открие одредена компликација во бременоста, болниците мора да бидат беспрекорно подготвени. Но неопходни се, како што додаде Ѓеоргиевска, квалитетна инфраструктура, соодветна медицинска опрема, посветени здравствени работници.

„Сметам дека треба да се обезбедат еднакви можности за сите заедница во Северна Македонија. А тоа ќе го постигнеме ако обезбедиме здравствена заштита со медицина базирана на докази, соодветни услови во здравствените установи и навремено пружање на потребните здравствени услуги“, подвлече Ѓоргиевска и додаде дека првиот извештај за перинатална ревизија на смртноста за Северна Македонија, ќе придонесе како земја да го забрзаме напредокот кон постигнување на амбициозните цели на Целите на одржливиот развој за следните години.

Извештајот за ревизија на перинаталната смртност во Северна Македонија во 2019-та година го изработи канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, во соработка со министерството за здравство, Комитетот за безбедно мајчинство, УНИЦЕФ и УНФПА.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...