Обраќање на сопругата на претседателот на настанот „ Зачувување и унапредување на менталното здравје во услови на криза и мирнодопски услови“

9 јули 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на настанот ,,Зачувување и унапредување на менталното здравје во услови на криза и мирнодопски услови“ во организација на Црвениот Крст на Република Северна Македонија.

На настанот беше претставен системски модел за пружање на прва психолошка помош во услови на криза и мирнодопски услови со цел унапредување на активностите за поддршка и помош на граѓаните и институциите во државата.

Говорејќи за последиците од пандемијата со Ковид-19, сопругата на претседателот истакна дека социјалната дистанца, загубата на членови на семејството, економските штети и, воопшто, неизвесноста за личната и за колективната иднина, драстично ги зголеми проблемите со менталното здравје кај луѓето во повеќето држави во светот, а во нашата држава бројни здравствени установи веќе ја забележаа зголемената потреба за психосоцијална поддршка на македонските граѓани.

Ѓоргиевска истакна и дека како волонтер на Црвениот крст на Република Северна Македонија, за време на карантинот, заедно со психолог и волонтери на Црвениот крст, секој четврток во неделата одговараа преку СОС телефонската линија за помош на различни ранливи категории, при што се јавуваа возрасни и изнемоштени лица на кои им е потребна психосоцијална поддршка за полесно справување со стресот предизвикан од актуелната состојба.

„За мене, ова беше бесценето волонтерско искуство бидејќи можев да поразговарам со наши сограѓани и да се обидам да им помогнам. Со мојот личен ангажман сакам да охрабрам што повеќе хумани луѓе да волонтираат за солидарно македонско општество. Треба да бидеме свесни дека некогаш вистинскиот збор изговорен во вистинското време може да спаси нечиј живот“, рече Ѓоргиевска.

Изразувајќи ја својата поддршка на иницијативата на Црвен крст која преку отворање на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална прераснува во системски модел за давање прва психолошка помош во услови на криза и во мирнодопски услови, Ѓоргиевска  изрази надеж дека овој проект на Црвениот крст ќе помогне и во надминување на социјалната стигматизација во македонското општество поради барање психолошка помош и со тоа ќе помогне во справувањето со негативните ефекти од пандемијата.

На настанот се обратија и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, министерот за здравство, Венко Филипче, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и советникот во Министерството за образование и наука, Душан Томшиќ.

Во Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална работа којшто се отвора во Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе се спроведуваат одржливи активности за градење на граѓанските и националните капацитети за обезбедување на прва психолошка помош и психосоцијална поддршка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка во областа на...