Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на настанот „Европска жена на годината“

8 март 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на доделувањето на наградата „Европска жена на годината“ што ја доделува Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Почитуван амбасадоре Гир, ценети амбасадорки, почитувани пријателки и пријатели

Би сакала да го честитам Меѓународниот ден на жената, ден кога се потсетуваме дека борбата за стекнување целосна општествена, културна родова и полова рамноправност не е завршена, и дека веројатно никогаш нема да заврши. Но, ова е ден кога треба јасно да ги потенцираме политичките, културните, социо-економските, научните постигнувања на жените и да им оддадеме почит и признание на оние храбри жени, кои непрегорно, и по цена на сопствениот живот, меѓу првите застанаа во движењата за застапување за правата и еднаквоста на жената, а меѓу нив се Роза Луксембург, Клара Цеткин, Ема Голдман и суфражетките ширум светот.

Навистина е чест, радост, но пред сѐ поттик и инспирација да се биде денес овде како дел од оваа благородна иницијатива Европска жена на годината за 2022, која во себе инкорпорира исклучително важна порака, а тоа е дека жената е клучен двигател на општествените процеси во сите сегменти. Аргументацијата за таквата порака се согледува и преку биографиите и професионалните патеки на номинираните пет силни и посветени жени, Маја Мојсовска, Илина Арсова, Дита Старова Керими, Дина Дума и Наталија Бургиева, чии ангажмани и успеси во сопствениот делокруг, но и во поширокиот социо-културен простор покажуваат дека токму жената е таа која ги поместува кон извонредност професионалните граници, и влијае врз развојниот и еманципирачки општествен капитал.

Доколку погледнеме низ политичката, заедничката, но и низ интимната, приватната историја, можеме да заклучиме дека никогаш не било едноставно во светот да се препознае и да се афирмира комплексната личносна, емоционална и мисловна структура на жената. Низ вековите наназад, секогаш било макотрпно жената да застане во рамноправно единство на различностите со мажот. Родовата нерамноправност е резултат на доминантната вековна културна матрица, на која, секако, ѝ е потребно многу време за да се промени, а која дозволува цели епохи и различни култури да не бележат жени во сферата на книжевноста, филозофијата, науката, уметностите. А, се разбира дека постоеле, но заради патријархалната устроеност на динамиките на моќ, останале обезгласени, невидливи. Последиците на тој привид за жената „како сенка“, која постои само на маргините на семејната историја, ја поттикнува борбата за непоколебливо застапување во однос на рамноправното вклучување во целокупниот општествен простор во кој слободно ќе дејствува, но, едновремено, и ќе го менува според своите компетенции, визии и знаења.

Многубројни се можностите за нурнување во еманципаторските движења, пориви, борбени пројави на жените. Уште понедогледен е хоризонтот на мотивациските, идентитетските, културолошките референци поврзани со поетиката на исцртувањето на прецизната општествена, историска и политичка траекторија на жената, особено на жената на овие простори, но не како изолиран субјект, туку како интегрален дел на секој сегмент од она што се нарекува одговорна заедница. Родовите позиции се формирани од културните норми, но едновремено тие припаѓаат и на доменот на застапување и отпор во однос на стекнувањето на слободата и правата.

Во име на слободата, што е суштествениот копнеж и најсилниот двигател на „женското писмо“, верувам дека секоја една од нас, а и сите заедно, ќе продолжиме да го впишуваме сопствениот ракопис и да ги засилуваме аргументите за тоа дека сме различни но еднакви.

Да не дозволиме рамноправноста на жената да биде само флоскула, статистика и квота. Заеднички да продолжиме да ги креираме пејзажите на слободата и на креативното и рамноправно присуство.

Благодараност до Делегацијата на Европската унија и амбасадорот Дејвид Гир, до амбасадорките Н.Е. Нивес Тигањ, Н.Е. Анке Холштаин, Н.Е. Моника Аксинте и Н.Е. Кристин Форшгриен Бенгсун за укажувањето преку овогодинешните номинации дека во ова општество постојат исклучителни жени без кои истото не може да се развива.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....