Обраќање на сопругата на претседателот на настанот “Скрининг во прв триместар од бременоста“

11 ноември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на настанот “Скрининг во прв триместар од бременоста“ организиран од Светската асоцијација за перинатална медицина во координација со Македонската асоцијација за фетална медицина.

Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека со поддршка од Обединетите нации, Северна Македонија направи конкретни чекори во подобрување на матерналните и неонатални исходи, при што нагласи дека не смееме да се задоволиме со овие резултати, туку мора да се стремиме кон унапредување на перинаталното здравје и искоренување на перинаталната и неонаталната смртност.

„Во центарот на нашите напори мора да биде реформата за подобро фетално и мајчино здравје, што треба да овозможи секоја бремена жена и новороденче да имаат пристап до здравствени установи со капацитет кои овозможуваат висококвалитетна, безбедна и ефективна грижа во согласност со нивните специфични здравствени потреби. Односот кон најранливите категории најгласно зборува за вистинскиот карактер на општеството“, истакна Ѓоргиевска.

„За да се постигне оваа цел, потребно е да се вложува во интензивни и континуирани обуки за сите здравствени работници, од гинеколози и акушери, преку неонатолози па се до медицински сестри и акушерки“, рече сопругата на претседателот додавајќи дека овие ригорозни синџири на обуки се развиваат од соодветни професионални здруженија, усогласени со потребите на специфичните нивоа на перинатална грижа и се инкорпорираат во системот на континуирана медицинска едукација.

Настанот е посветен на феталната медицина и здравјето на мајката и идното новороденче, кои секогаш се во фокусот на глобалната агенда во здравството и напорите ширум светот, со крајна цел – постигнување на најдобри можни исходи кај оваа вулнерабилна група.

Нашата земја, како резултат на заедничките напори на Министерството за здравство, Владата, организациите на ОН, донаторски и други мултилатерални агенции, направи значителен напредок кон подобрување на индикаторите за перинатална грижа. Во насока на унапредување на перинаталното здравје, преку работата на Комитетот за безбедно мајчинство, во иднина е планирана реализација на бројни активности што ќе овозможат длабока анализа на моменталната организираност на системот за перинатална грижа низ различни области и предлагање на мерливи и остварливи препораки за реорганизација на постојниот систем базирани на добро познати успешни модели во другите земји приспособени кон специфичностите на нашата земја.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....