По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски и пред Споменикот на ослободителите на Скопје.

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...