Отворена првата Школа за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

26 март 2021 | Соопштенија

Денеска во Кабинетот на претседателот беше отворена првата Школа за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, којашто ќе се одржи почнувајќи од претстојниот викенд до ноември годинава.

Школата ќе се реализира преку четири едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. Учесниците на Школата за политики ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења на теми кои ги вклучуваат прашањата за демократијата, правната држава и борбата против корупцијата, заштитата и промоцијата на човековите права и слободи, надворешната политика и безбедноста, нашата интеграција во Европската Унија, социоекономскиот развој, како и политичката комуникација и транспарентноста.

Посочувајќи дека Школата за политики е централната активност на Претседателскиот центар за политичко образование, претседателот Пендаровски во своето обраќање потенцираше дека учесниците во Школата беа избрани на јавен оглас, врз основа на нивниот интерес за активно учество во општествениот живот, професионалните квалификации и стручните постигнувања.

„Убеден сум дека за да имаме стабилна демократија и за да имаме идни генерации на демократи, мора да вложуваме во образование втемелено во демократските вредности. Токму таа потреба ме поттикна да започнам една ваква иницијатива за која искрено се надевам дека во следниот период ќе добие поширока општествена поддршка“, рече претседателот Пендаровски.

Говорејќи дека составот на учесниците на Школата за политики ги одразува клучните цели на неговата политика, претседателот Пендаровски истакна дека тие се потребата да изградиме солидарно и инклузивно општество, да го поттикнеме политичкиот и општествениот дијалог преку надминување на поделбите и, секогаш, да ја промовираме мултикултурноста како клучна алка на поврзување на нашите граѓани.

„Во таа насока, уверен сум дека учесниците на оваа прва школа ќе имаат исклучителна прилика не само да ги надградат своите знаења и способности, туку и да се поврзат и да изградат контакти кои силно ќе влијаат врз нивниот личен и професионален развој“, рече Претседателот.

На настанот се обрати и проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања. Тој истакна дека Школата за политики обединува учесници со различно потекло и професионално минато, но со заедничка цел за иднината.

„Таа цел е желбата на младата генерација на наши граѓани да живеат во демократски уредена држава заснована врз начелата на владеењето на правото и на солидарноста и во општество во кое нашите разлики се влог во прогресот, а не основа за конфликти и нови поделби“, подвлече професорот Спасов.

Целта на Претседателскиот центар за политичко образование и на Школата за политики е да придонесе кон градење на единство преку учење, да ја промовира културата на дијалог и да влијае во реформата на образованието преку сеопфатно вклучување на политичкото образование во нашиот формален и неформален образовен систем.

Свои обраќања на хибридниот настан имаа и претставници на партнерските фондации и организации кои се дел од Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование: фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија, Меѓународниот републикански институт (ИРИ), фондацијата „МК2025“, фондацијата „Конрад Аденауер”, фондацијата за демократија на Вестминстер во Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ).

Поради пандемијата на Ковид 19, отворањето на Школата беше со скратена програма. Остатокот од модулот ќе се одвива он лајн.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...