Панел дискусија: Исхраната и нејзиното влијание врз оралното и целокупното здравје

23 февруари 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Исхраната и нејзиното влијание врз оралното и целокупното здравје“ организирана од ХелтХаб, во рамки на Канцеларијата на претседателот – МладиХаб.

Во своето обраќање пред присутните г-а Ѓоргиевска говореше за значењето на здравата исхрана врз оралното здравје, драстичните промени во однос на квалитетот на исхраната во последниве децении, истакнувајќи дека доброто орално здравје е клучот за понатамошното општо добро здравје, но за жал се соочуваме со епидемија на обезност.

Како основен проблем во исхраната, не само од орален аспект, туку и за целокупното здравје, г-а Ѓоргиевска укажа на намалување на употребата на рафинирани јаглехидрати, користење на здрави продукти, термички необработена храна, овошје и зеленчук, користење на поголеми количини на млечни продукти и користење на месо, риба, јајца, коишто исто така содржат големо количество на протеини, потребни за изградбата на ткивата кај децата.

На настанот се обратија и проф. д-р Калина Гривчева Старделова, интернист, гастроентерохепатолог при ЈЗУ Клинички центар Скопје која говореше за правото на пациентите да бидат прихранувани; проф. д-р Игор Спироски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Институтот за јавно здравје којшто зборуваше за исхраната како ризик по јавното здравје, а на дискусијата учествуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, кој говореше за регулативите за храна во ЕУ.

Учесници на панел дискусијата беа претставници од Здружението на студенти по медицина, млади лекари, студенти по стоматологија, млади од Националниот младински совет на Македонија и Унијата на средношколци.

Дискусијата е организирана во рамки на програмата на ХелтХаб според која се предвидени предавања за збогатување на теоретските знаења на студентите по општа медицина и медицински науки и истата има за цел да го посочи значењето на исхраната и нејзиното влијание како врз оралното, така и врз целокупното здравје на населението, долгорочните ефекти и оштетувањата кои може да настанат како резултат на неправилната исхрана.

Настанот е продолжение на заедничкиот проект со Здружението на млади лекари и специјализанти како резултат на повеќегодишната соработка во насока на едукација и подигање на јавната свест на младите генерации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...