Пендаровски до вработените на Инфективна: Издржете одговорно и професионално во оваа битка, сите сме со вас

15 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска оствари разговор со директорката и со дел од вработените медицински лица на Инфективната клиника во Скопје.

Претседателот беше информиран за моменталната состојба на Инфективната клиника, за бројката на пациенти и нивната здравствена состојба, како и за сместувачките капацитети на оваа институција и за расположливиот медицински персонал.

„Вашата мотивираност, посветеност и пред се, професионалност со која секојдневно ги извршувате обврските во оваа здравствена криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, кај мене и верувам кај сите наши граѓани буди чувство на сигурност и смиреност. Ве охрабрувам да продолжите со исто темпо и пожртвуваност да се грижите за пациентите и во што поголем број целосно оздравени да ги испраќате дома кај нивните најблиски. Издржете во оваа битка, сите сме со вас“, им порача Претседателот.

Вработените во Инфективната клиника го запознаа Претседателот за високите ризици коишто ги носи нивната работа и за расположливата опрема за докторите и медицинско-техничкиот персонал на Клиниката, како неопходност и потреба во нивниот ангажман. Тие посочија дека имаат доволно средства и дека нивната клиника е редовно снабдувана, а целиот персонал е ангажиран максимално посветено, применувајќи ги сите мерки на заштита и строго придржувајќи се кон препораките на СЗО. Претседателот Пендаровски им оддаде признание во битката со опасниот вирус бидејќи тие се првите во линијата на одбраната, на што вработените на Инфективната клиника рекоа дека се свесни за ризикот, кој е составен дел од нивната професија и уверија дека сите заеднички ќе се справиме со ова, бидејќи навремено е реагирано.

Претседателот со соговорниците од Инфективната клиника разговараа и за личните предизвици на медицинските лица, за психо-физичкиот замор, за притисокот што го предизвикува изложувањето на висок ризик, како и за поддршката од нивните најблиски и начинот на функционирање во нивните семејства. Тој им порача на вработените на Инфективната клиника да опстојат на високите професионални стандарди, да се чуваат себе си и да ги чуваат и се грижат за пациентите, за здравјето на нашите граѓани. Претседателот за време на разговорот изрази благодарност за вложувањето, посветеноста, храброста и безрезервното ивршување на должноста.

Во разговорот, претседателот Пендаровски и вработените медицински лица на Инфективната клиника во Скопје упатија заедничка порака до сите наши граѓани за почитување на мерките и препораките, бидејќи тие се за сечие добро и дека тоа е единствениот начин за побрзо да ја надминеме оваа криза.

Претседателот Пендаровски преку видео врска разговараше со директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ, со организациската директорка, Мирјана Пехчевска Попилиева, со д-р Илир Демири, со д-р Љубица Мичуновиќ, анестезиолог и со Марина Христова, медицинска сестра на Инфективната клиника.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата – 20 Mарт, ја упати следната порака: Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на Франкофонијата. За Република Северна Македонија, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата е...

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на...