Пендаровски до наставниците во Могила: Честитам на вашата посветеност за мотивирање на учениците

23 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се вклучи во е-наставата што се реализираше во училишта во општина Могила.

Претседателот Пендаровски имаше можност директно да го проследи образовниот процес, во услови кога поради епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, учениците наставата ја следат од своите домови.

На часот по француски јазик, во подрачното основно училиште ,,Кочо Рацин” од с. Долно Српци, учениците зборуваа за своите омилени градови, додека учениците од истоименото централно основно училиште во с. Ивањевци, на часот по англиски јазик, со претседателот Пендаровски разговараа за различните видови храна.

Наставничките на двете одделенија Елизабета Дамева и Татјана Божиновска го информираа претседателот Пендаровски за придобивките, но и за предизвиците коишто произлегуваат од е-наставата, оценувајќи дека во овој момент, тоа е најдобриот начин непречено да се изучува предвидената материја. Во тој контекст, претседателот Пендаровски упати честитки за нивната посветеност во мотивирањето на учениците и од дома да бидат во потрага по нови знаења.

Ваквиот пристап во овие услови е можност за унапредување на образовниот процес. Онлајн наставата е показател дека младите, освен за забава, технологијата умеат да ја користат и продуктивно, за надградување на своето знаење и вештини, да бидат креативни и да изнаоѓаат решенија за предизвиците наметнати во сегашноста.

Во разговорот со учениците, претседателот укажа на важноста да бидат одговорни, да ги почитуваат препораките за да се заштитат себеси и своите најблиски. Тој посака што поскоро учениците да се вратат во училишните клупи меѓу своите другари, бидејќи и покрај неминовната интернет ера, учењето преку непосреден контакт е се уште најдобриот метод.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...