Пендаровски-Зурабишвили: Соработка и солидарност и по надминување на кризата

4 мај 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари видео разговор со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.

Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните перспективи за развој на соработката на билатерално и мултилатерално ниво меѓу двете држави, кои воспоставија дипломатски односи во февруари 2019 година.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на честитките од претседателката Зурабишвили по повод зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како долгогодишни стратешки цели на кои земјата работеше. Во таа насока, претседателот додаде дека сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да дадеме поддршка на сите земји кои се на тој пат. 

Соговорниците разменија мислења и информации за состојбите во двете држави, поврзано со справувањето со пандемијата на КОВИД-19. Претседателот Пендаровски ја информираше претседателката Зурабишвили за мерките што државните власти ги преземаат во борбата против вирусот.

Двајцата претседатели се согласија дека против пандемијата, како глобален проблем, треба да има и глобален одговор, преку меѓусебна соработка и солидарност.

Претседателот Пендаровски ја информираше претседателката Зурабишвили за дадената согласност за новата грузиска амбасадорка во Северна Македонија, резидентна во Софија, со надеж за отворање на нови можности за развивање на  билатералните односи. Во таа насока и двајцата претседатели разговараа за зајакнување на дијалогот на највисоко ниво, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за упатената покана за посета на Грузија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...