Пендаровски-Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното и да започнат пристапните преговори со Северна Македонија

16 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го пречека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој престојува во посета на Република Северна Македонија, по што се одржа тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски.

Почитувани претставници на медиумите,
Почитуван претседател на Европскиот совет, драг Шарл,

Најнапред да го изразам моето задоволство што сум повторно Ваш домаќин, овој пат во Охрид. Навистина ми е чест што регионалната турнеја ја заокружувате токму во Северна Македонија.

Вашата посета во овој турбулентен период за Европа и светот, на само неколку дена пред јунскиот Самит на Европската унија, укажува на потребата од координација на чекорите меѓу Балканот и Унијата во очи на нужноста од решителни и принципиелни одлуки.

Искрено се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на Европската Унија, конечно ќе го исполнат сопственото ветување од март 2020та кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да започнат пристапните преговори со Северна Македонија.

Денес разговаравме за тоа дека со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската унија што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја членка кон земја кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување и да прерасне во опасен преседан кој ќе стави крај на овој процес, кој со години беше сметан за најдобрата надворешна политика на Унијата.

Проектот за Обединета Европа отсекогаш содржел и јасен геополитички аспект, но, во овие моменти на војна на континентот, таа негова димензија е посебно нагласена. Затоа за опстанок на политиката на проширување на Европската унија  неопходна е зголемена геополитичка одговорност особено кај земјите членки на Е Унијата.

Наспроти реалните разочарувања и заморот од чекање за пробив на европскиот пат, за нашата посветеност, меѓу другото, најсилно зборуваат две работи, од една страна, нашето целосно, стопроцентно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и приклучувањето кон сите пакети на санкции кон Руската Федерација, а од друга, Европската Унија и натаму е нашиот далеку најважен трговски партнер, обезбедувајќи поддршка и финансиска помош за спроведување на неопходните реформи.

Остануваме во исчекување на заедничкиот состанок на лидерите на Европската Унија и на Западниот Балкан, кој ќе се одржи следната недела на 23 јуни во Брисел, а за кој мојот денешен гостин исцрпно ме информираше. Во таа смисла, би сакал да истакнам дека секоја иницијатива којашто реално би придонела за откочување или забрзување на интегративниот процес е добредојдена. Во тој контекст, ја гледаме и најновата идеја за поголемо обединување меѓу нас, преку новата форма, наречена Европска политичка заедница. Се разбира, таа заедница ја разбираме не како утешна награда, или како компензација за членство, туку само како  дополнителен инструмент кој ќе помогне за побрзи интеграции и поголемо единство во Европа.


Драг Шарл,

Благодарам за напорите со кои Вие и вашите колеги на чело на европските институции се обидувате да ја одржите евроинтеграцијата на регионот високо на листата на политички приоритети. Тоа во услови на повеќекратни кризи и актуелна војна на европско тло, само ја потврдува свесноста за ургентноста од доследно испорачување според заслугите на секоја земја во нашиот регион.

Ви посакувам пријатен престој во Охрид и секако, посакувам успешен самит со донесување на одлуки кои одамна ги имаме заслужено.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...