Select Page

Пендаровски на Текстилијада: Не смееме да потфрлиме во заштитата на работниците во време на корона

16 октомври 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Штип, присуствуваше и се обрати на Текстилијада,  којашто се одржува по четврти пат, во организација на Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“.

Годинашниот настан меѓудругото го актуелизира и почитувањето на работничките права на текстилните работници и работнички во време на пандемијата на Ковид-19.

Почитувани,

Благодарам за укажаната чест да ви се обратам на овогодинешната, четврта по ред Текстилијада, организирана од здружението “Гласен Текстилец”. Ова е  единствен настан од ваков вид во земјава и регионот, кој придонесува за подигнување на свеста за важноста од подобрување на работничките права, со посебен фокус на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Пандемијата ни го донесе огромниот предизвик на здравствената криза која навлезе во сите општествени сфери и ги промени нашите животи од корен. За жал, пандемијата придонесе и за продлабочување на постојните, недозволено долго време присутни нееднаквости во различни области и на различни нивоа, а особено негативно се одрази на преработувачката индустрија, како што се текстилната и кожарската, каде се бележи значаен пад на бројот на ангажирани работници, но, и не мали  регистрирани прекршувања на работничките права.

Оваа индустрија, во која над 80% од вработените се жени, за жал и покрај израмнувањето на минималната плата со останатите индустрии, сѐ уште важи како една од индустриите каде што, споредбено со другите гранки, работничките и работниците примаат пониски плати и се соочуваат со потешки услови за работа. Во време на пандемија овие предизвици се уште повеќе нагласени и затоа потребата да се отворат и дискутираат овие важни аспекти во јавноста и да се предлагаат решенија за подобрување на состојбите е дотолку поголема.

Јас токму во тоа ја гледам важноста и потребата од Текстилијадата, се разбира, паралелно со секојдневниот ангажман на граѓанските организации, активистките и активистите и сите оние кои работат на заштитата и унапредувањето на работничките права во земјава.

Во изминатиот период токму благодарение на организации како Гласен Текстилец, се подигна свесноста за нужноста од соодветен институционален одговор во однос на барањата за поголемо почитување на протоколите и мерките за заштита при работа, како и генерално, за поголемо и доследно почитување на законските прописи поврзани со заштитата на правата на работничките и работниците.

Кризата која ја предизвика пандемијата веќе има големи последици врз економијата. Иако нејзиното натамошно траење и развој не може никој да го предвиди во моментов, важно е да продолжат заложбите и барањата за отчетност на институциите во справувањето со флагрантните кршења на Законот за работни односи. Потребно е да се алармира и да се спречува родово базираната дискриминација на работното место. Мораме да бидеме свесни дека сосема независно од кризата, не смееме да потфрлиме во заштитата на работничките и работниците во услови на нивна изложеност и ризик на работните места.

Во таа насока, исклучително е важно институциите да бидат отворени за граѓанските иницијативи кои ги имаат работничките права во фокусот. Потребна е соработка меѓу државата, бизнисот и граѓанскиот сектор, со цел, секогаш кога ќе се појават прашања кои се релевантни за работничкиот корпус на права, да има дебата, со цел, да се понудат решенија кои едноставно не смеат да бидат на штета на работникот.

Драги пријатели,

Сакам да ви кажам дека јас и моите соработници сме отворени за сите граѓански иницијативи кои имаат за цел унапредување на состојбите во нашето општество, особено за прашањата кои се однесуваат на основните човекови права, правата на послабите, правата на немоќните или маргинализираните.

Ви посакувам успешна дебата на оваа Текстилијада, плодна дискусија која ќе придонесе за зголемена јавна свест и изнаоѓање на практични, конкретни решенија, за клучните предизвици кои се однесуваат на работничките права.

Ви благодарам.

Претседателот Пендаровски ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал

Претседателот Пендаровски ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал

Претседателот Стево Пендаровски со указ ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал. Чиновите на двајцата армиски офицери им беа врачени денеска од страна на претседателот...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 26 Ноември, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод 26 Ноември, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик

Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 26 Ноември, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик. Во продолжение e интегралниот текст на пораката Дозволете ми Вам, професорите, наставниците, научните работници и сите оние кои за своја животна...

Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на jавната онлајн трибина „Зачувување на животната средина значи зачувување на нашето физичко и ментално здравје“

Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на jавната онлајн трибина „Зачувување на животната средина значи зачувување на нашето физичко и ментално здравје“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на jавната онлајн трибина „Зачувување на животната средина значи зачувување на нашето физичко и ментално здравје“ во организација на здружението „Амигдала“ во соработка со „Љубов сме - Jemi dashuri“. [gallery...

Порака од претседателот Пендаровски за кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Порака од претседателот Пендаровски за кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Претседателот Стево Пендаровски се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство....

Pin It on Pinterest