Писмо до Републичкото здружение на децата бегалци „Т’ГА ЗА ЈУГ, по повод народниот собир за одбележување седум децении од крајот на Граѓанската војна во Грција

29 септември 2019 | Соопштенија

Почитувани присутни,

Со големо задоволство ја примив поканата од Републичкото здружение на децата бегалци „Т’ГА ЗА ЈУГ“ за учество на овој значаен народен собир. Поради претходно превземени обврски, за жал, не сум во можност лично да ви се обратам. Сепак, со ова писмо би сакал да ги поздравам сите присутни и воедно да споделам неколку мои согледувања.

Симболично, во годината кога се навршуваат седум децении од крајот на Граѓанската војна во Грција, на сила стапи Спогодбата од Преспа со која се стави крај на тридеценискиот спор за името меѓу нашите две соседни држави. Со оваа одлука не само што ја отстранивме најголемата пречка во процесот на зачленувањето во НАТО и во Европската Унија, туку отворивме и нова можност за соработка и градење стратешко партнерство со Грција. Иако е несовршена, Спогодбата од Преспа е основа за помирување меѓу нашите две држави и народи.

Секое трајно и одржливо помирување подразбира и подготвеност да се согледаат историските настани и од перспективата на другата страна. Заедно треба да изградиме култура на сеќавање што ќе ни помогне да ги препознаваме сличностите наместо само разликите, и која не приближува наместо да не разделува.

Ние сме на почетокот на еден долг процес на градење доверба меѓу македонското и грчкото општество.

Сеќавајќи се на минатото, ние се стремиме кон посветла иднина во обединета Европа. Единствено Европската Унија има моќ да го трансформира Балканот од простор на конфликти, прогонства и бегалци во простор на мир, почитување на различноста и просперитет.

Со таа мисла, на самиот крај, посакувам овој народен собир што го одбележува крајот на една граѓанска војна, да биде почеток на ново и трајно пријателство.

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...