Писмо со сочувство по повод смртта на проф. Томе Груевски

17 септември 2019 | Соопштенија

Почитувани,

Со длабока болка и тага ја примив веста за смртта на ценетиот професор и новинар, Томе Груевски. Во овие тажни мигови не постојат зборови со кои може да се надомести загубата и тагата, но дозволете ми да го искажам моето најдлабоко сочувство до семејството, колегите и до целата македонска јавност.

Професорот Томе Груевски беше меѓу пионерите со своите трудови од областа на комуникологијата, теоријата на новинарство и односи со јавноста. Со повеќе од триесетина објавени книги и стотина научни трудови Груевски го задолжи македонското новинарство и публицистика. Неговата научна и професорска дејност остави неизбришлива трага во академските кругови.

Својата длабока посветеност и љубов кон новинарството успешно ја пренесуваше и на своите студенти на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје , како и на универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.

Со смртта на професорот Томе Груевски, Република Северна Македонија. загуби врвен ерудит, посветен професионалец и неуморно новинарско перо.

Нека почива во мир!

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...