Порака на претседателот Пендаровски по повод Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите

3 август 2020 | Обраќања

Денес се сеќаваме на еден ужасен датум од историјата, кога околу 4300 Роми и Синти бea убиени во нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау за време на Втората светска војна. Таа мрачна идеологија овозможи да се случи најголемото зло во историјата, што предизвика загуба на милиони човечки животи, меѓу кои и околу 500.000 Роми и Синти од Европа и Балканот.

Иако годинава одбележуваме 75 години од победата над фашизмот, загрижуваат некои актуелни факти и настани кои ги оживуваат историските неправди кон Ромите. Зголемениот интензитет на расизам, антициганизам, дискриминација и говор на омраза кон припадниците на ромската заедница и понатаму ја поддржуваат нејзината исклученост, некаде дури и изолираност од останатите заедници. Предрасудите и стереотипите поврзани со нивната етничка припадност остануваат главната пречка за еднаков третман во остварувањето на основните човекови права и слободи. Негирањето на геноцидот врз Ромите и Синтите, освен што ја рециклира еднаш нанесената неправда, ја спречува и можноста да учиме едни од други, едни за други, и заеднички да градиме меѓусебна доверба, почит и разбирање.

Современите општества не смеат да дозволат ваквите појави, за кои што нема никакво морално и етичко оправдување, да бидат поважни од европските вредности и вредностите воопшто на едно современо демократско општество. Кај денешните генерации е одговорноста да создадеме отворени општества во кои секој поединец, без разлика на полот, возраста, етничката припадност, религиозното убедување или бојата на кожата, ќе има право на достоинствен живот.

Почитувани,

Сите ние имаме обврска да се сеќаваме на геноцидот врз Ромите и Синтите во Европа и на Балканот за време на Втората светска војна. Личните сведоштва на преживеаните, нивните страдања, загуби и претрпени трауми треба да ни бидат предупредување да се заложиме тој страшен период од историјата никогаш да не се повтори, никаде во светот.

Единствениот возможен пат кон развој и просперитет на нашите општества е преку промовирање на човековите слободи и права, солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Почитуван Претседател на Генералното собрание, Почитувани шефови на држави и на влади, Почитуван Генерален секретар, Дами и господа, Ми причинува особена чест и големо задоволство, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да се обратам од говорницата на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за...

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го...