Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот

27 јануари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот во која истакна дека во време кога светот се соочува со пандемијата на Ковид-19, ние се потсетуваме на една друга пандемија, предизвикана од еден различен вирус, а тоа е антисемитизмот.

„ Антисемитизмот ја негира вистината дека сите ние сме луѓе со еднакво, неотуѓиво и вродено човечко достоинство, дека човечкиот живот е бесценет бидејќи е уникатен и неповторлив. Наместо тоа, антисемитизмот, расизмот и нацизмот ги делеа луѓето и народите на повеќе и помалку вредни, и со тоа го отворија патот за нивна дехуманизација и уништување. Овој вирус што низ вековите предизвикуваше прогони и погроми против Евриете, на крајот кулминираше со холокаустот како пандемија на злото. “, се вели во пораката на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски истакна дека Евреите како жртви на системска неправда и дискриминација биле најпрво лишувани од нивните граѓански и политички права, а потоа и од нивната сопственост и слобода, по што биле депортирани во нацистичките логори каде личните имиња им биле заменувани со безлични броеви и каде биле целосно обесчовечени.

„Над шест милиони мажи, жени и деца биле систематски убиени во логорите на смртта само затоа што биле Евреи. Меѓу нив биле и 7.144 македонски Евреи кои претставуваа дури 98% од нашата севкупна еврејска популација. Но, целта на нацистите не била само физички да ги уништат Евреите, туку и целосно да го избришат споменот за нивното постоење“, истакна претседателот Пендаровски.

Антисемитизмот продолжи да мутира како негација на холокаустот, рече претседателот Пендаровски порачувајќи дека морална обврска на нашата генерација е да го почитуваме достоинството на секој човек, да бидеме солидарни кон ранливите и обесправените и да се сеќаваме на холокаустот, за никогаш да не се повтори.

„Истовремено, на овој ден сме благодарни за преживеаните кои обновија многу еврејски заедници во Европа, вклучително и Еврејската заедница во Република Северна Македонија. На овој ден го негуваме и споменот за праведниците меѓу народите, за оние храбри мажи и жени кои ги ризикувале своите животи за да ги спасат прогонетите Евреи, а со тоа и нашата надеж во човечноста, солидарноста и добрината “, се вели во пораката на претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...