Порака од претседателот Пендаровски до учесниците на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил

18 септември 2020 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски упати порака до учесниците и организаторите на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил, што ќе се одржи од 18 до 20 септември во Националниот парк „Галичица“ и охридско-преспанскиот регион.

Посакувајќи успех во реализацијата на трката, претседателот Пендаровски во пораката оцени дека нејзиното одржување, и покрај предизвиците поради пандемијата од Ковид-19, говори за истрајноста, за тимскиот дух и за солидарноста на учесниците и на организаторите на настанот.

„Поради мерките за справувањето со пандемијата од Ковид-19, многу спортски натпревари во светот се одложени или откажани. Сепак, наместо да биде изговор за занемарување на спортот, здравствената криза е причина повеќе да вложуваме во спортската и физичка активност како предуслов за здрав живот. Колку поздрави поединци и заедници, толку постабилни општества и подинамични економии“, се вели во пораката од претседателот Пендаровски.

„Веруваме дека спортските натпревари и трки, особено во време на физичка и социјална дистанца, можат да ни помогнат за градењето инклузивно и солидарно општество во кое ќе има место за секоја личност. Спортските вредности на почитување, ферплеј, еднаквост и пријателство ни се потребни повеќе од кога и да било порано. Тоа се позитивни вредности со кои треба да ги мотивираме сите генерации, особено нашите млади“, вели претседателот Пендаровски во упатената порака.

Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк „Галичица“ и охридско-преспанскиот регион.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...