Порака од претседателот Пендаровски по повод 50-годишнината на фестивалот за детски песни „Златно Славејче“

27 септември 2020 | Соопштенија

По повод одржувањето на 50. издание на фестивалот „Златно Славејче“, претседателот Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот упати порака по повод овој значаен јубилеј, посакувајќи им успех на сите учесници, во која истакна:

„Веќе половина век фестивалот „Златно славејче“ е  дел од музичката лектира на најмладите. Илјадници песни за деца беа промовирани на изданијата на фестивалот, а за многу наши музички ѕвезди значеше и почеток на музичката кариера. Хитовите компонирани и отпеани на „Златно Славејче“ се популарни до денес, а многу од возрасните ги паметат уште од своите детски денови.

Пандемијата на КОВИД-19 која ги зафаќа сите сфери на нашето живеење и сите сектори во општеството, влијаеше и на одржувањето на фестивалот, која е најстара и најомилена музичка манифестација за деца кај нас, со која растеа многу генерации. Иако годинава програмата е изменета и скратена, ме радува што фестивалот не потклекна и оваа година „Златно Славејче“ се одржува на отворено, во согласност со здравствените протоколи за заштита од ширењето на коронавирусот.

Како покровител на „Златно Славејче“ ќе продолжам да давам поддршка за развој на креативноста и талентот на најмладите. Негувајќи ги овие вредности, децата ќе израснат во квалитетни поединци со коишто како држава ќе се гордееме. Ви посакувам успешно издание на фестивалот, многу хитови и одлични настапи. 

Го честитам 50-годишниот јубилеј и посакувам фестивалот да живее уште многу децении“.       

Првото издание на фестивалот „Златно славејче“ се одржал на 23 мај 1970 година, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје. Оттогаш традиционално, веќе 50 години се одржува во рамки на одбележувањето на ослободувањето на градот Скопје, 13-ти ноември.

Во рамките на фестивалот е постојаниот хор, „Златно славејче“, што ги придружува пејачите на сцената. Традиционално, првиот ден од секое издание на фестивалот има хуманитарен карактер и е наменет за децата со попреченост. На „Златно славејче“ не се доделуваат награди за учесниците, бидејќи овој фестивал нема натпреварувачки карактер.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...