Посета на граѓани во рамки на проектот Отворен Кабинет

29 октомври 2019 | Отворен Кабинет, Соопштенија, Средби

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија група од над 50 граѓани, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Граѓаните имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, да ги посетат просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Посетителите беа запознаени со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Денешната активност, која се организира по втор пат, е во рамки на реализацијата на проектот Отворен кабинет којшто ќе биде редовна пракса. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот, https://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ ќе имаат можност да го посетат Кабинетот на Претседателот, да споделат свои идеи и предлози и да учествуваат во настани од јавен карактер коишто ќе бидат организирани во Кабинетот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...