Посета на две изложби во Музејот на современа уметност

7 јуни 2021 | Aктивности, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, вечерва во Музејот на современа уметност посетија две изложби поставени во рамки на Викендот на гордоста и во рамки на Биеналето на младите.

Претседателот Пендаровски присуствуваше на изложбата „Заслепен од љубов“ на авторот Франко Б којашто е дел од  фестивалот Викенд на гордоста  чијашто годинешна тематска рамка е „НАСТРАНО ЗАЕДНИЧКО: Политики на пријателство, љубов и афекти. Претседателот изрази поддршка на годинашното деветто издание на овој фестивал што се реализира со низа изложби, концерти и перформанси во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка, а во соработка со МСУ и Јадро.

Претседателот го нагласи и придонесот на меѓународното биенале на млади уметници, мултидисциплинарен настан што се реализира во организација на Музејот на современата уметност – Скопје, како еден од најзначајните настани од областа на современата уметност чија цел е да наоѓа начини и да создава простори преку кои ќе ги претстави новите уметнички насоки на надоаѓачка генерација уметници и куратори.

Освен важноста на пораките коишто се испраќаат, двете изложби претстaвуваат и позитивен пример за соработка на институционалната и вонинституционалната култура во Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...