Посета на пациентки и здравствени работници во рамки на Отворен кабинет

27 октомври 2022 | Aктивности, Соопштенија

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија пациентки од Здружението за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином  „Љубов сме – Jemi dashuri“ и здравствени работници од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

На посетителите им беа претставени историски податоци за објектот,  беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби. Тие имаа можност во Мозаик салата да го разгледаат и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, изработен од академик Глигор Чемерски.

Посетата се организира по повод Октомври – месец за подигање на свеста за борба против ракот на дојка и во рамки на истата денешните посетители имаа можност да разговараат со претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска при што изразија благодарност за нивната досегашна поддршка и соработка. Исто така, тие ги запознаа претседателот Пендаровски и неговата сопруга со предизвиците со кои се соочуваат пациентите и здравствените работници во врска со оваа болест кај нас.

Претставувајќи ја својата досегашна работа, од Здружението “Љубов сме – Jemi dashuri“ информираа за нивните активности насочени кон олеснување на патот на онколошките пациенти кон нивното подобро здравје, но и на нивните семејства кои ги придружуваат во борбата против болеста. Притоа, информираа за соработката со министерството за здравство, особено со Клиниката за онкологија и радиотерапија во рамки на која постои Психолошки кабинет и во кој има библиотека со фонд на книги донирани од самите пациенти.

Изразувајќи поддршка за активностите за зголемување на свесноста за борбата против ракот на дојката, претседателот Пендаровски и неговата сопруга истакнаа дека истите се од големо значење особено за поттикнување на самопрегледите и редовните контроли кои се клучни во навременото откривање и превенцијата од ова заболување.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, инициран за да се овозможи реализација на директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Во рамки на активноста Кабинетот го посетуваат граѓани од различни возрасти и области на занимања, организации, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...